Време е Македонците да послушаат еден Германец

Дечкото две години е овде кај нас, јасно е дека ја сака и земјата и луѓето но има една забелешка која му е на место: Македонците се многу пољубезни кон странци отколку меѓу себе. Факат. Би можеле да мозгаме зошто е тоа така но и не мора. Доволно е да се научи лекцијата: третирајте се барем како странци, многу пољубезна атмосфера ќе се направи. Сообраќајот башка. Што е таа нервоза, што е тоа брзање, милионите ли ќе ви пропаднат?  

Млади, со здравје да ни го враќате долгот

Линеарното зголемување на пензиите ќе ни натовари нови 4 милијарди евра долг во следните 10 години. Тоа е цената што ќе ја плаќаат идните генерации за остварување на предизборното ветување и доаѓањето на власт. Наместо да плачат што ги заглавиле своите наследници, уште и се радуваат.

Брак се чита меѓу редови

Жената разумно го сумира нивниот долг заеднички живот, имало тешки моменти кои требало заедно да се пребродат, имало и убави моменти а најважно од сè, вика, е кога меѓу двајца има разбирање и почит. Но, сликата за нивниот брак станува 3Д дури откако таа ќе заврши па ќе му рече и тој да каже нешто.