Учиме бугарски

Почнуваме да го реализираме нашиот завет (објаснето ви е овде) дека еднаш мора да го научиме бугарскиот за да знаеме да зборуваме на тој чудесен јазик за кој не знаеш дали те заебава или е озбилен. Првата лекција е текстот кој на нашки сувопарно би гласел "Дневникот на еден маж". Кој сака да ни се придружи во таа мисија, ајде! Заповядайте, няма да съжалявате!

Капитализамот не сака заебанции

Секој ден оставаме драгоцени минути од нашите животи низ овие глобално-комуникациони мрежи. А таму, хуманистички треш. Социјалните мрежи убрзано, но сигурно се претвараат во антисоцијален Соборен храм на полуписменоста, музеј на проектирани фрустрации, галерија на порно-дадаизам. Човек на човека му е Block.