Париз меѓу вашите нозе

Доколку нечиј случај веќе не завршил како кула близначка во Њујорк, тогаш му останува надеж дека во својот интимен пејсаж ќе забележи дивоградба со калибар на Ајфеловата кула. Рекламче на ТВ Едо, последните цареви на македонскиот етер. 

Нека одиме во триста лошки материни!

Имаше една легенда која велеше дека најавувачка на програма на МТВ (порано ТВ програмата ја читаа луѓе, ко вести), на времето го има најавено американскиот филм „Волшебникот од Оз“ како „Волшебникот од нула три“. Ние си мислевме дека е заебанција.