За бананата на Вучиќ

Бааги се изврте она видео во кое Александарт Вучиќ се одмерува со некој клинец на баскет и на крај му залепува банана. За фановите, тој потег ја симболизира неговата борбеност и непопустливост а другите тоа го видоа како сигнал колку е тој забеган па му се курчи на едно дете. Но, има и трета страна на приказната.

Каков филм би било ова!

Нема да ве тераме да читате долго сценарио на нешто кое ние со големи ќеифи би го гледале. Целата драматуршка поставеност на приказната и нејзиниот заплет ги собира во само еден твит и еден дополнителен коментар. Кустурицо, што чекаш?

Саундтрак за НАТО

Рецептот за оној конкурс кој го објави македонското министерство за одбрана (со еротски наслов „НАТО и јас“)  го знаете: најдете куп стари домашни и писмени работи од времето на социјализмот, секое „Тито“, заменете го со „НАТО“ и - тоа е тоа. Колку да не седите во глува тишина додека го правите тоа, пар песни кои го доловуваат континуитетот на овдешното творештво.