Јас сум неутрален

Сосема неочекувано налетавме на една драгоцена пацифистичка и анти-НАТО химна која не е производ на некаква подмолна пропаганда на Путин туку е македонска народна песна, да понародна и помакедонска не може да биде. И надвор од тој контекст нато-мато, текстот е права бонбона, јер, колку што знаеме, ова е единствена песна на светот во која се спомнуваат - тадааам! - подводни мини! Да се нарачува по свадби, слави, родендени и секакви други мирнодопски пригоди!

Скопска шахта 24/7

Како прво, волку шахти на квадратен метар може да има само кај нас (пошто махери за планирање). Второ, една од нив тропа дење-ноќе. Можете ли да ги замислите луѓето кои живеат во близина, колку се излудени од тој звук? Ако надлежните ги интересира (хехе, знаеме и ние да се шалиме), се работи за улицата 23 Октомври во Скопје.