Браќа, а да ве почастиме ние со една песна?

Ни дојде некој порив со песна да придонесеме кон позитивниот дух кој го шират Каракачанов, Борисов и другите. Сакавме да го направиме тоа со партизанската Бандиера роса, но бидејќи таа на бугарски тешко се намира, ќе ги поздравиме со една друга песна. Стварно е убава а тие па ја имаат пеено во право време.

Како е да си родител на онлајн ученик?

Технологијата навистина чуда прави и прекрасно ги олеснува работите. Најважно е да не се изгуби комуникацијата со своето дете и навреме да му се објаснат некои работи, и за наставата и за ручекот. 

Што е поентата на ова видео?

Не се тревожете, кратка видео снимка од гробишта, со вообичаени работи од таму: гробови и надгробни споменици со имиња на луѓе чии земни остатоци почиваат таму.

Четири степени на одбрана

Стојанче Ангелов, некој командант со лепливо раче, Бучковски, крајно сомнителен настап на Заев... сеедно кој, кога, како и зошто. Пропагандниот гениј на власта редовно командува со четири степени на одбрана, фортифицирани на точно познати позиции од кои не се отстапува ниту за милиметар, дури и тогаш кога јавното мислење поминало преку нив како торнадо преку стар полски тоалет, односно нужник.

Цеца е бре - класа

ОК, полека со обџекшнс. Муабетот ни е дека впечатокот за некоја личност некогаш зависи и од околината во која се нашол. Седни ја до балван, некако ќе ти заблеска. А Цеца ја седнале до Ивица Дачиќ.

Шибицарите математиката ја извртеа, не па идентитетот

Да се потсетиме кога Бојан Маричиќ глобално се брукаше дека референдумот всушност бил позитивен, ама тој булшит не проаѓаше кај водителката па на крај му плесна „Вие изгледа попат ги менувате правилата?“. А стварно, секој пристоен човек на кој партиските шефови  би му рекле ТОЈ да излезе на Ал Џезеира и да ги убеди дека 36 е поголемо од 50, би рекол: „Немојте бе луѓе, глупо е, ќе ме изедат“. Е да, клучниот збор е „пристоен“.   

ЕУ? Ало, ЕУ? ЕУ ма?!

На оваа приказна ми текна кога си помислив како ли се чувствуваат сите оние ѓоа мудри глави што парадираа со ЗА прилепено на нивните профилни слики и ревери, кои нѐ убедуваа дека од историја и име не се живее, кои ги етикетираа сите неистомисленици како небањати сељаци, пропагирајќи го виткањето кичма како врвна кама-сутра поза што нуди безгранична сексуална сатисфакција...