НАТО силите влегоа во Србија

Само една година откако воената алијанса доби нова членка, НАТО рукито покажа извонредна подготвеност за мобилизација и интероперабилност, вештини исклесани од долгата агонија од неспособноста на локалниот генералштаб. Во рамките на вежбата „Ваксајнс 2021“ моторизирани македонски единици нагрнаа во соседна Србија, успешно пробивајќи се по ковид линијата Врање- Белград, со мали застои кај граничниот премин.

Темната страна на успехот

Под дејство на халуциногени супстанци, човек не може да претпостави на која тема и околу кој термин на Заев ќе му биде следниот гаф. Еве го овде, да ни прости ЛГБТ заедницата, внесува нов елемент во џендер балансот. Та не е саде Рашковски иноватор.

Македонскиот цар Казухиро Котецу

Котецу раскажува како дошол во допир со Македонија и како ја засакал и неа и нејзините песни, но и други работи. „Сакам јас и ракија но жалам што ако се пие многу, невозможно е следниот ден да се пее,“ вика царот. Заразна ли е ваквата љубов кон Македонија, да го праќавме човекот малку да кашла во Влада и други надлежни институции?