Шумадиски лајфкоуч

Истото ова, оние модерни лајфкоучи (една од непостоечките професии на денешнината) ќе ви го завиткаат во патетични термини како оној „да бидете најдобрата верзија од себе“, па ќе ви мудруваат за менаџирање на стресот, хендлање на позитивната енергија, избегнувањето токсични мисли и луѓе.... А генерално, целата тајна се состои од  - куроболие.

Македонија станува опасно место за живеење

Лани медицина дипломирале дури 879 студенти, а од тој број безмалку 600 во Тетово и Штип. Никаква реакција, камоли влегување на јавното обвинителство во факултетите и нивно запечатување додека не се расчисти оваа образовна измама на векот.

Во Македонија е храната

„Бевме и во Македонија и во Грција и, што се оденсува до јадењето, чист победник е Македонија. Имаат повеќе страст, повеќе конзистентност и посвежи состојки“, објавуваат The Budget Savvy Travelers. Одма рипнаа Грци (и по некој Бугар) да дрват. Не за храната, нормално. Ја знаете нивната лакомост.

Аир и бериќет да не видат

Со новиот закон којшто дозволува до 72 часа работна недела, лажните бивши комунисти и лажните "борци за човекови права" од ОВК нè вратија во XIX век. Не слушнавме некој доктор меѓу пратениците да го крене гласот и да им каже колку луѓе ќе го изгубат здравјето и прерано ќе умрат поради континуирано преработување и преморување.

Парламентарен дуел со поговорки

Сцена од седница на црногорскиот парламент во кој, како и овде, знаат секакви начини и методи да се искористат за надмудрување и навредување. Овојпат малку поинаку од што сме навикнале. Спикерот решава да ја нафли својата поента со помош на една поговорка. Пратеникот му одговара со една друга, неочекувана.