Како бе се решаваат банки?

Кој знае како и што мислеле дека преведуваат од англиски. Еден писмен нема во тоа власта и администрацијата.

Вонредни вести од Дојран

По радосната вест дека полицијата (тоа се оние што ги гледате главно позади радар за мерење брзина) во бестрашна акција привела 20 посетители на Д Фестивал кај кои нашла супстанци (на 30.000 луѓе тоа се 0.06%), ситуацијата се враќа во нормала. Посетителите можат да почнат да раскажуваат впечатоци, цајканите може да се вратат зад радарите. За полициска акција во Д Грчец немаме инфо.

Како се прави дупка у Куманово

Возбудлив инжинерско-технолошки процес во кој за само 4 дена се идентификува, обезбедува и санира дупка во Куманово. За полесно следење на операцијата, таа е поделена во 6 фази во кои се дава различен акцент на човечкиот труд, технологијата и пред сè, клучниот елемент во секој наш потфат - надзорот.  

Кај е Чом да го изгаси светлото?

Некој Џими Лазовски на Фејсбук ја опцул американската екс амбасадорка во Македонија. Јавниот обвинител Башким Хисени го обвинил „за повреда на угледот на дипломатски претставник на странска држава“ а тетовската судијка Верка Костоска го осудила со 150 дневни глоби, тоест 1.800 евра. Што ма Верка, нема Џими на Голи оток да оди?

Која муза е одговорна за вакви стихови?

Во налет на ничим изазвани надежи, човек може да помисли дека, што го знаеш, и него може некој ден да го посети муза па од нигде никаде да напише некоја песна како Леонард Коен, како Вислава Шимборска, како Јехуда Амихај... Во никаков налет на лудило човек не може да помисли дека него музата може да го посети и да му ги дарува следниве стихови.

Попе, благословот да ти се позлати

Православен свештеник групно осветува детектори за метал (по непозната тарифа). Амин.