Почастете го својот кум со овој епитет

Во духот на традиционалниот двоглас, како и култните Нервозни поштар (гитара со дисторзија) и лесковчанецот Лаки кој докажа дека нема тема која не може да се опее, Гоци и Лазо (црногорските Сајмон и Гарфанкел) го опеваат кумот, семејниот функционер чија важност е овековечена во заклучокот „кум није дугме.“ Значи, епитетот се римува со куме. А не е шуме. Е, што е де?

Битолчани кои „немале време да реагираат“

Почитуван Трендо,
Ти испраќам две фотографии од натпреварот во пливање за деца што се одржа во Битола.
На самите листи, освен што најгоре стои кој е организатор напишано на македонски јазик со кирилско писмо, во остатокот се користи секаде латинично писмо и албански и англиски јазик.
Реагиравме до организаторот ( организатор е Пливачки Клуб ,,Олимпик" Битола - пишете им тука - н.з.) кој ни кажа дека го видел пропустот но немал време да реагира?!

Битно Северна не заборавија да напишат.