Македонија - Италија, со пресврт

Го гледам натпреварот меѓу Македонија и Италија и не можам да верувам. Значи, една земја во која фудбалот е популарен, повторно си дозволува себеси вака да се резили и да расфрла бодови. 

Роко има песна и за машка и за женска популација

„Доктор Роберт Роко Роксан Сошански Казанова“ памти дека го имаме објавено (ние моравме да се потсетиме на тоа, ама ќеиф си направивме) па ни ја понуди неговата нова песна. Зад џониевскиот наслов „Во немир и страст“ Роко тврди дека се крие песна со „ориентален амбиент со примеси на Латино“, песна во која „се поставува фамозното прашање ДА или НЕ.“ 

Не ги преценувајте своите добри намери

Слеп дечко открива занимлива перспектива на која малкумина помислиле кога би дошле или помислиле на ситуација да му помогнат на човек со хендикеп. Него главно го фаќаат под рака за да му помогнат да премине улица или да се снајде во автобус. Притоа не го ни прашуваат дали му треба или дали воопшто сака да му се помогне. А тој нејќе така.

Не сиромавиот туку апатичниот двапати плаќа

Трета година по ред нема доволно учебници. Човек не може да не помисли дека намерно прават вака (во сите области!) за да можат нивните  корисни идиоти по дебатни емисии да повторуваат дека „30 години покажавме дека не нè бива“ и дека е „јасно дека не можеме сами да ги решиме проблемите.“ За потоа да бидеме подготвени да ја прифатиме секоја „прегратка“ што ни се нуди.