Темниците во „Земјата на сонцето“

„После 101-вото враќање, имам потреба нешто да предложам, бидејќи моето маало, мојот град, и мојата земја не сум ги видел во полоша состојба. Запуштени, занемарени, оставени сами себе да се изглодаат однатре“, пишува еден наш човек со апел за зелен бран, справување со кучињата скитници, легализација на дрогите... но како прво, менување на временската зона: „Како да градиш држава ако од самиот старт, од “Колку е часот?”, си грешка?! “ 

Додека некој се простува од таткото, некој зборува за ајвар

42 годишниот Стјепан Иван Хорват е најпопуларен хрватски свештеник, ако се суди по социјалните мрежи;  на Фејсбук го следат преку 260.000 луѓе (во суштина небитно, пошто Исус имаше само 12 фоловери од кој едниот испадна хејтер). Последната лавина реакциии ја предизвика редејќи што сè слуша на погреб додека семејството се простува од блискиот.

Бугарите имаат ерген од Северна

Нашите соседи имаат емисија од типот The Bachelor/Тражим жену. Еден од кандидатите е Јовица од Делчево кој иако има 34 години, тврди дека бил роден во Северна Македонија. До 25 години бил повлечен и срамежлив ама после се сменил и станал амбициозен. Денеска тера бизнис, црта женски во песок, прави склекови на плажа и фрла хартија во Черното море.