Не памтам погреб, а да не сум инволвиран во носечките активности. Сега веќе не чекам да ме замолат, сам се фаќам за рачка; си знам што ме чека. Имам цела колекција пешкири по дома. Ужалените што го знаат тоа почнаа и да ме прашуваат што боја пешкир да ми стават на рамо, да не стварам истобојни залихи.