Обвинителката Кадриу: Вака беше и за Модуларната

Јасно и прецизно беше наведено дека причинско- последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија.... Беше јасно кој беше изведувач на работите а и нарачател.... Мене ме суспендираа бидејќи им сметав, бев премногу гласна а требаше пола влада во притвор да заврши врз основа на вештачења и собрани докази. И сега, истиот тој обвинител е назначен за испомош во ОЈО Кочани. 

Вака бомбастично зборуваа по медиуми. Сервираа секакви информации "за преземени дејствија во текот на истрага" за модуларната болница во Тетово. 

А во позадина ни донесоа двајца обвинители "за испомошć" бидејќи бил волуминозен предметот. Се испостави дека обвинителот Дејан беше само поштар преку кој држеа под контрола што се презема и контрола да не настрада некој кој требаше да биде заштитен. 

Дојде вешт наод од вештакот од областа на електро- техника, јасно и прецизно наведено дека причинско- последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија. 

Беше јасно кој беше изведувач на работите а и нарачател. И кога барав од колегите обвинители да се усогласиме за издавање наредба за градежно вештачење, бидејки призлезе дека има многу пропусти, обвинителот Дејан од ОЈО Скопје беше против. Другите го подржаа. 

За да се искамуфлира вештиот наод од електро вештакот кој беше јасен, истиот Дејан бараше да се изготви друг вешт наод и тоа го направија, но сега вештаците за модуларна во Тетово вештачеа на модуларна во друг град. 

Мене ме суспендираа бидејќи им сметав, бев премногу гласна а требаше пола влада во притвор да заврши врз основа на вештачења и собрани докази. И СЕГА ТОЈ ИСТ ОБВИНИТЕЛ ДЕЈАН Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ . Сега што треба да се смути и чија трага и одговорност треба да се одбегне, ќе видиме!

Лејла Кадриу

*********

Види и: 
Требаше да ги вратиме парите во буџетот, а не гаќите на Ивона

19 март 2025 - 10:20