Медиуми

Одамна немаме гледано Б92

Во ерата на Слободан Милошевиќ, белградската телевизија Б92 беше еден од ретките (на прсти да ги изброиш) слободарски медиумски бастиони кои останаа надвор од дофатот на владеачката политика и пропагандни параметри. Доста години подоцна, програмата на  оваа некогаш лута опозициона фреквенција изгледа вака. 

Готови сме, руската пропаганда нè потопи!

Кога човек ќе прочита дека на македонската Твитер сцена „дрмаат“ пет про-руски профили, не може да не се насекира дали оние десетици милиони американски долари за спречување руско влијание ќе бидат доволни да ги неутрализираат овие „мало нас је ал смо говна“ (бугарски: „малко сме, но сме лайна“) подмолни агенти. Не ги дознавме кои се, ама малку се занимававме со бројките.

Што ќе правевме ние без овие вистиномерци?

САД во Македонија имаат истурено 67 милиони долари за спречување странско (руско) влијание и борба против подмолни дезинформации и лажни вести.

Најдолгите минути во историјата на најавите

Легендата вели дека севернокорејскиот врховен лидер збеснал и поцрвенел од љубомора кога видел како Зоран Иванов го најавува Џабир Дерала. „Сакам и јас вака!“ им се дерел Ким Јонг Ун на своите поданиците во палатата, нервозно кршејќи 'чаше од кристала' и нуклеарни капачиња. Ќе се уверите и сами, буцкото со право бил љубоморен.