Почитуван Трендо,
Ти испраќам две фотографии од натпреварот во пливање за деца што се одржа во Битола.
На самите листи, освен што најгоре стои кој е организатор напишано на македонски јазик со кирилско писмо, во остатокот се користи секаде латинично писмо и албански и англиски јазик.
Реагиравме до организаторот ( организатор е Пливачки Клуб ,,Олимпик" Битола - пишете им тука - н.з.) кој ни кажа дека го видел пропустот но немал време да реагира?!