Балканштина

Цимање на рибарот

Рибар сака да покаже дека лови риби само додека трае риболовната сезона. Поточно, додека трае батеријата на мобилниот со кој го снимаат.

Тарзан, поглавицата без племе

Ќе ни биде многу криво ако н ве убедиме да го одгледате цел овој бравурозен примерок на аматерското филмофилство во кое Загор зборува како да му се сере, а Чико цепа војводински. Ајде вака да се договориме:

Си биле две другарки: едната пополнета, другата...

Прво го погледнавме видеото до пола и - ништо посебно. Разбравме дека новинарката најавува другарка со која се немаат видено 20 години а која во меѓувреме станала експерт за фитнес и исхрана, жена која успеала да ги спои двете клучни вредности во Нови Пазар: и да се јаде гастрономски и да се остане фит. Е, тука прекинавме, глупи едни. А баш тука се разјаснува работата. Ок, „разјаснува“ и не е најсреќно избраниот збор.

Дијагнозата на Лане Гутовиќ

Почина актерот Лане Гутовиќ, очекувано надживеан од митскиот Шојиќ, којшто не само што е добро туку и се множи, а државата е неспособна да го заузда. Тој и таков Шојиќ требаше да остане во своето село и да чува овци (а и од таму да го избркаат), не па да дојде во предузеќе, камоли во парламент. Но не се залажувајте, вели Гутовиќ, не напредува Шојиќ, туку ние пропаѓаме.

Навали народе

Доаѓа време на избори, време е да се потсетите каков пазар ќе се нуди. Наша препорака е пак тој датумот да си го купите. Малку ли ви траеше последниот пат?