Балканштина

Кој вика дека немаме „дечко на денот“?

Ги фаќа живи како фрлаат огромни кеси во река па со закана дека ќе викне полиција, ги тера да се вратат и да си го соберат ѓубрето. А возрасни луѓе, и тоа дојдени од Германија. „Западната“ се вади дека не знаеле дали смеат да фрлаат во контејнер. За во Германија, знае. Ви викаме, дечко на денот.

Не сте луѓе ако не ве допре оваа сцена

Мајка и синче, заедно на плажа. Со нежно детско гласче, малиот ја прашува мајка си: Мамо, ти се допаѓа ли овој камен? Опа, идемо!!

Како се вежба аплауз и скандирање во Мини Шенген

Александар Вучиќ и српскиот министер за здравство биле најавени дека ќе поминат за да видат до каде е изградбата на новиот Клинички центар. Во пресрет на посетата, координатор за аплаузи им отвора очи на работниците какви тоа државници имаат чест да ги посетат, а потоа малку ги вежба аплауз и скандирање. Кај нас нема шанси за нешто вакво. Ниту има абер од клинички центар, ниту некој овде воопшто би знаел да се увежба за нешто. 

Наскоро и во вашиот град

Станарите од соседната зграда му викале дека им пукаат ѕидови, дека неговото поткопување нема да заврши на арно. „Ништо нема да биде, ви гарантирам“, проговорил прогресорот преку устата на инвеститорот и продолжил да копа. Општина Врачар, Белград.

Србија во тесно

Толку нестварна а убедлива сцена што само чекате во некој момент режисерот да каже: „Стоп! Одличен дубл!“ Ве молиме забележете го најјакиот епилог, кога шоферот Милан им вика: „Само вие седете и уживајте“

Зрела насмевка

Репортажна средба на две генерации жени. Тоа што едната е стара, не значи дека заборавила да размислува двозначно.

Бугарите и алкохолот

Некои не пијат ич, некои пијат везден. Еден од вториве објаснува зошто: „Пие ми се. Хубаво ми става ка си пијна“. Ете, некогаш е лесно човек да ги разбере Бугариве.