Балканштина

Лака да ви каже виц

Стар е вицот и можеби го знаете, ама Лака мајсторски го испорачува. Мртов сериозен, како е да е гостин на политичка дебата.

Паралија, Република Србија

Деветминутна снимка од српско освојување на Паралија. Масовно оплетоа колце, музиканти во вода, живо, живо. Јако би било да влезат во подлабокото, да се гледаат само глави како се движат малку напред а малку назад, она малку туристи кои не се од Србија и Македонија, од страв да соберат партали и да фатат усвет.

Грчка образовна програма: Како се краде бензин

Грчка државна телевизија малку ги изненади своите гледачи објавувавајќи прилог со упатство како се краде бензин. Не само со шмукање црево и претурање во канта, туку и со покажување каде е најлесно да се дупне резервоарот. Со драгоцена помош од демонстраторите Заев и Димитров, нам ни покажаа како се краде име.

Запознајте бугарски генерал

Во напалената Бугарија крстосуваат секакви идеи, меѓу другото и да не се мафтаат со вето за Македонија туку воено да ја освојат. А не дека немаат ресурси за таква авантура. Румен Радев го знаете, Бојко Борисов го знаете, Венцислав Муфтиџиски им раководеше со кризниот штаб за короната а сега ќе го дознаете и четвртиот човек во овој пакет Авенџери, генерал Младенов.

Постанок на Србите, нарко верзија

Во чест на сите маалски ликови кои ги знаеме а кои се интересираат за вистината отаде вистината (не оваа што мислиме дека ја знаеме ние, поглупите), еден дечко објаснува како настанале Србите. Во такви мисловни авантури, дрогата никогаш не одмага.

Српска верзија: Што е маж?

Не се работи за српски одговор на докумeнтарецот на Мат Вош „Што е жена“. Инсерт е од интервју на славниот новинар Теша Тешановиќ со некој возрасен балван од Србија (имал Теша и каца за гостин) кој објаснува какви параметри треба да има еден маж и нормално, не може да пропушти една мрсна а добронамерна пцовка кон соговорникот. Да чуеме.

Шумадиски телефонски пранкови

Му се јави, му најави дека му носи роба и начисто го изремети. Со оние шармантно погрешни падежи, со брилијантна техника на мрмљање за да не чуе соговорникот.... Има мајтапџии на светов, секоја чест.