Балканштина

Генијална одбрана од сукачи

Некој нејебитис ѝ се пушта на девојка на Фејсбук. Таа одбира маестрална стратегија: му одговара со стихови од тупца-тупца народњак (Бунда од нерца - Тина Ивановиќ ). Тој пуштање, таа реплика од песната, на што овој дополнително се пали. Само што, песната завршува со стихот „дијамантски стави ми на руку.“ Јбг, така завршува и пуштањето.

Алтернативна сондажа

Бидејќи ретко кој верува на истражувања, анкети и други сондажи на јавното мислење, овие Белраѓани се досетиле како сепак да го опипаат пулсот на народот. На мост закачија транспарент „Кој не свири, тој е Весиќ.“ Весиќ е онаа замлата која се навреди од Дежуловиќ кој пак фино му одговори „Освен што си глуп, не внимаваш на час.“ Чујте сами колку го сакаат.

Уште пар легенди за Цане

Интересен е тој факт дека многу големи рокенрол фаци од Југославија беа деца на воени офицери: Штулиќ, Бреговиќ, Борис Беле, Цане Партибрејкерс, Милан Младеновиќ.... Затоа, не верувајте многу во ефикасноста на строгото воспитување, да не ви порасне Цане по дома. Раскажува Бранко Росиќ, денес писател, некогаш член на бендот Урбана герила.