Балканштина

Глупоста маст гоу он

На српска телевизија со национална фреквенција (скратено: Пинк), публиката дочека за невидениот масакр во основното школо во Белград да проговори и - астролог/гатач. Па ќе објасни дека на оној мал психо, Месечината му била во знак на Шкорпија и дека таква му била кармата во овој живот. И некој стварно верува дека некому на овие простори некогаш ќе му дојде памет?

Влегува црнец во домаќинска куќа

Тој нејзиниот, син/внук, што ли ѝ е, и трапоса дома црнец, ќе останел месец дена да спие. Домаќинката не се плаши од црнци, ама овој многу црн, ко казанаџија да го калаисал. Кооперативна е, би му спремала и глувци ако веќе ги сака, ако ѝ каже како се спремаат. Начисто ја пореметија жената. А прекрасна е.

Како раперите донесоа примирје во Југославија

Ова го имаме или пропуштено или заборавено. Ама затоа Чак Ди од Паблик енеми го памти. Дека некоја од војните во Југославија (не му е најјасно кој и што бил во тој хаос, нормално, нему сите - белци-  му се исти) била запрена на еден ден заради нивен концерт. Знае дека откако ја здувале од таму, бил бомбардиран градот Бихаќ. Што нему му звучи јебитачно како Биач!

Српски семејни традиции

The Doors пееја за „Whiskey Bar (Alabama)“, UB40 за Црвено вино, Том Веитс се вадеше дека не пиел тој туку пијаното, Ненси Синатра го опеваше Летното вино а Џастин Тимберлејк го извади непреводливиот наслов „I Can't Drink You Away“ (кој го преведе на македонски, има пијачка во Трендоленд). Српскиот поетски порив оди подлабоко, тој се нурнува во корените на пиењето.