Балканштина

Мала етида за големата нужда

Мудри луѓе и народи, и во најмалите ситници ќе најдат доволно материјал за анализа и епифании. За оние кои брзо обавувале работа, некогаш се викало дека се вредни луѓе. Оние денес кои одат таму за да читаат, скролаат и пушат, ќе заборават зошто дошле и дали завршиле работа. Додуша, има тука нешто и во ергономските разлики меѓу чучавецот и шољата. Енивеј, пресмешен е брадоњата.

Загревање за нашите: Избори во Србија

Ќе помислите дека видео спот од жанрот политички маркетинг, со онаков кринџ дечко и онака дадена изборна понуда (ќе видите), мора да е анти-кампања или барем пародија. Ама не, Раде Баста (екс министер за економија и џудист) сериозно мисли дека ова ќе му донесе гласови. Најјако е што партијата му се вика „Движење за Европа“. Пазете на автобуската кога погледнува на саат.

Не се уморија и не се уморија

Србите и Бугарите водат мртва трка кој појаки корени ќе извади на што повеќе познати ликови од сегашноста и минатото. Додуша, и Македонците пробаа, ама им ставија плочки на спомениците. Бугарите да одморат, за Србите се фаќаме сега. Мислевме дека ги знаеме сите нивни домети, од амебите па наваму. Ама, не сме ги знаеле. Имеџин ова...

Луд, збунет, Бугарин

Го прашуваат која му е омилена бугарска песна па потоа и да ја испеел. Како прво, да те застане некој на улица за да му пееш а тој да те снима, треба да го штипнеш идиотот за обравче и да го прашаш: „Кога те пуштија тебе надвор?“. Второ, збунетиов бира песна од ВМРО, па ја пее Јовано, Јованке па на крај вика тоа е бугарска песна. Значи, а зине, греши.

Шопинг беснеење за сиромашни (и скржави)

Да не беше интернетот, вакви дијаболи ќе ги познаваа само нивните пациентки (нагалено ги викаат клиентки). Еве го штосот: во паричник ставаш новчаница од 50 или 100 евра и почнуваш ЕНЕРГЕТСКИ да ја трошиш. Отвораш, не ја пипаш парата, ама, со цела ФИЗИОЛОГИЈА замислуваш дека ја трошиш. И тоа бар 20 пати на ден, што значи имаш простор „да потрошиш“ 2.000 евра на ден. Кој ти дава бе!    

Црвената линија е премината

Сега и трезните ќе нè отекуваат со песната „Sinoc sam pola kafane popio“?

Србите да не се жалат многу, многу

Дечкото објаснува како по закон го одрале за менување на регистерски таблички, затоа што старите старите имале српска латиница. Кога ќе помислите дека Србија е  апашка држава, само сетете се што сè треба да смените (таблици, пасоши, лични карти...) затоа што говнарите Заев, Димитров и 80-те парламентарни разбојници ни го сменија името. Што, нема НАТО да ви ги плати трошоците?