Балканштина

Згембо најубаво ни ја објасни ЕУ

Уште пред 30-тина години, професорот Згембо Андислиќ ко на првачиња ни ги објасни основните постулати на ЕУ, политиката на санкции и слично. После него, стотици луѓе од Европа доаѓаа за да ни ги дообјаснат работите па сепак, ништо од тоа нивното не испадна нешто појасно од ова на Згембо. 

Македонска музика на грчка телевизија

Преубави македонски песни, преубаво изведени,  на првиот канал на грчката ЕРТ. Живи радости, додека не ви падне во очи дека песните се инструментални. Грците менуваат стратегија, од некогашното негирање на постоење македонска култура до - благодарејќи на Преспа - културна апропријација на таа наша култура и наследство. Според Преспански, и ова е хеленско наследство на „првата страна“.

Нашикам се и правим хаос

Евергрин „Mанифест за слободното време“ на млад човек кој трудољубиво заработува за живот, живее во место со никакви содржини,  а девојка на повидок нигде нема. А душата, како прегреан бојлер, бара да испушти малку притисок низ некој термостат.

Реплика која треба да ја знаете за сликање

Пошто стварно сме „офф“, преку такво ни од онаа модерна навика да се сликало све живо и диво, да се штракне со мобилен секој можен момент и ебен детал од животот, небаре нешто не може и да се запамти (а нешто и, со задоволство, да се заборави). Еве една реплика која е корисна за такви ситуации. Реплика која започнува со љубезното „Да извиниш....“  

Топла мајчинска порака

Веруваме дека никој нема да  може да остане рамнодушен на оваа кратка но содржински богата телефонска порака која една мака му ја оставила на својот син единец. „Те сакам јас најмногу на свет“ и „љуби те мајка“ се две мали пораки кои таа успеа да ги протне меѓу поважните работи што има да му ги каже.

По Јована денот се познава

Има кај Србите една водителка по утрински емисии, мавната начисто, самоуверен егзибиционист со  амбиции да стане светски позната како Џенифер Лопез и еден ден да се кандидира за претседателка на Србија, што добар дел гледачи го доживуваат како закана па си викаат „дај нека бомбардираат оние уште еднаш.“ Јована Јеремиќ. Немаме ние таква. Сè уште. 

Критика на (супер) чистиот ум

Девојка од оние српски пералници на мозок и масовни убијци на мозочни клети, нагалено наречени реални шоуа. Очигледно некој ѝ рекол дека е плитка. Но, нема таа да замолчи, има она одговор. Можеби е плитка но никогаш нема да потоне. Следи закуцавањето.

Бугари ли се Бугари, балкански смешки големи

Се собрале од бугарската амбасада во Македонија за да му одадат последен поздрав на неодамна починатиот Пеле (ништо чудно ако и него не го рачунаат за Бугар). Со пригодна реч и минута молчење. Со себе го имаат неговиот „најљубим предмет“ - топката. Но имаат и сценарио во кое топката не е пасивна.

Јаран, крал на љубезноста

Покоен Жељко Малнар чат-пат знаеше да го пушти Јаран надвор од студио за да му глуми репортер од теренот.  Овојпат го имаме легендарното парче со Јаран и Владо Калембер и најјакото прво прашање кое сме го чуле во едно интервју. И едно друг видевце кога Јаран наидува на отпор од кој господски се повлекува.

Знае ли Тарантино за ова

Криминалецот Кристијан Голубовиќ, еден од ретките преживеани од документарецот „Видимо се у читуљи,“ последниве години се влече по реални шоуа (не е јасно дали е тоа помало зло)  и „продава“ приказни од асфалтот и од дешавки од другата страна на законот. Второво го прави махерски забавно, како да раскажува кунг-фу филм.