Балканштина

Да ве запознаеме со Драги Црни

Драги живее во село близу Лесковац, вреден е ама тенок со нерви. Има 80 години, има еден ипол падеж и за жал, има фамилија која стално го ремети, за да ги извади пцовките од него. Главно внук му кој и го снима, син му, а во приказната се и бабата на Драги и Тајсон (ќе го познаете не по мускулите туку по тетоважата на лице).

Продавам мозок, неупотребуван

Три ренесансно образувани грации, црпнати од некое српско реално шоу (сори што не им ги знаеме имињата; нешто како Маца Дискреција, Тијана Ајфон, Благица Самсунг...) одговараат на ТВ квиз, прашања од географија, најбазични. Како што знаете и од порано, не е убаво да се црпнуваат луѓе од онаму каде што природно припаѓаат.

Црногорски заповеди

Кога случајно сакаш да поработиш, седни, причекај, ќе видиш дека ти пројде. Кога гледаш дека јадат и пијат - придружи им се, кога гледаш дека работат - истави се за да не пречиш.

Копаоник ве вика

Ѕирнете ги цените.

Да беа сите искрени како Георги....

Исечок од некој бугарски онлајн час по германски јазик. Наставничката го прозива Георги Лазаров. Тој се одзива на прозивката, со беспрекорна решеност да биде искрен. Откако го сослуша, наставничката можеше само да каже: „Георги, просто њамам думи, подобре е да продолжим нататак“.

Првиот стендап на еден Албанец

Ауу, каков судар на паралелни светови е ова. Виктор Пастраскан, во Антверп, Белгија. Во публиката Албанец на кој нешто не му се бендисува па му дофрла да не збори за Албанија. „Добредојде на Запад,“ пробува да му објасни домаќинот. „Ќе се видиме после!“ му се заканува овој. А пошто Виктор е Романец па му е јасно, додава бензин: Има некој Србин да го среди дечково? 

Србија, татковина на рационалното

За неуспехот на српската репрезентација во Катар: Камерун имале врачеви на терен, едната е фатена и на камера како ги руши Србите. Швајцарија исто, два албански врача и по некој од Африка, сите платени по 10 милиони долари. Сето ова на телевизија го открива српски врач, кој е лут на колегите врачеви од Бразил. Сега појасен е насловот?  

Молчиш ли мирно, Дејвиде Атенбороу?

Една сцена од паралелниот универзум во кој исто така постои серијата „Planet Earth“, меѓутоа таа се занимава со сосема поинакви видови и нивните животни ситуации. Во неа Сер Дејвид Атенбороу го нема како наратор пошто нема никаква потреба од додавање драматика. Чиста емоција.

Интервју интераптус

13 години поминале од онаа позната сцена кога Емир Кустурица во 22 минута го прекинува интервјуто со Ацо Станковиќ откако му стана јасно дека од него се бара признание, покајание и посипување со пепел. - Зошто не се огради и не го осуди Милошевиќ? - Затоа што сум слободен човек. Колку повеќе ме притискаш да го осудам, јас толку повеќе нејќам.

Калеш Анѓа, црногорска верзија

Црногорците имаат убава севдалинка „Пуче пушка леденица“ која се пренесува од генерации на генерации. Пазете ја приказната: Омер ја пукал Анѓа поради невозвратена љубов. Ѝ се намерачил да ја жени ама нејзиното срце било за друг. За кого? За дечко од струшкото село Калишта. Спојлер 1: Анѓа преживува. Спојлер 2: Кошулата не баш.