Балканштина

Во случај на поплава, не правете ја ова грешка

Драматична снимка од актуелните поплави во Белград која лесно можела да има трагичен крај. Среде поплавена улица на Петлово брдо, жена доаѓа на идеја да дигне решетка од атмосферскиот одвод, за водата побрзо да се одлева. Само што, не ѝ текнува дека во тој случај, можеби нема да биде повлечена само водата. За среќа, во близина биле луѓе од Градска чистота. Херојот го викаат Срки.

Одлепи уште еден идол на многу детства

Пред 4-5 децении, Бранко Миличевиќ, ЈУниверзално познат како Бранко Коцкица, беше добриот дух на децата кои растеа со неговата емисија „Коцка, коцка, коцкица.“ Умееше со деца, тотално позитивен, шармантен, непосреден. Денес е советник во општина Белград, од редовите на Српската напредна странка. Легендите велат дека меѓу двата периода се има случено доста хероин.

Ова само во Србија го има

Во секоја друга држава, меѓу автомобил и воз нема муабет. Застануваш со колата и чекаш да пројде. Во Србија ликот застана пред возот насред пруга и излезе да се кара со машиновозачот покажувајќи му дека пошто рампата е дигната, тој има предност! И да му го изведе оној прочуен потег со главата кој универзално значи „мамата мамина!“ 

Како со вакви да правиш братство?

Се вика Иван Малиќ. навидум нормален човек, ама си заденал прекар Ајронмен и сега го има по ХРТ и други хрватски медиуми на кои им ги открива и детално објаснува тајните на своите супер-моќи. Вели дека неговото волшебно стапче се вика  - сушење. Значи, по што сака да стане познат хрватскиот Ајронмен? По тоа што сака да пегла. Браво бе, дечко, браво. Па и штиркање да си засакаш.