![](/files/styles/780px/public/statija/2021/05/10/320396-kozhuvchanka-donirashe-pijalaci-za-punktot-za-vakcinacija-vo-kavadarci.png?itok=tv3i8LeG)
Компанијата Кожувчанка како општествено одговорна компанија донира 100.000 шишиња негазирана природна вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta, на регионалниот пункт за вакцинација во град Кавадарци кој е домаќин за масовното вакцинирање наменето за сите заинтересирани граѓани од: Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија.
Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна вода Изворска.
И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото. - се вели во изјавата од КОЖУВЧАНКА ДОО.
(Комерцијален текст)