Комфор без компромиси дури и на -22°C со Hisense инвертер клима уредите

Зимата е периодот кога навистина доаѓаат до израз моќта и перформансите на системите за климатизација во домот. Особено во региони каде што зимите се исклучително студени, сигурен, моќен и енергетски ефикасен систем за греење претставува основен предуслов за комфор.

Hisense инвертер клима уредите се развиени да функционираат таму каде што другите се соочуваат со предизвици. Не само за брзо загревање на домот во студените зимски утра, туку и за обезбедување сигурен систем кој нема да ги намали перформансите во текот на ноќта, за време на најстудените часови, и кој ќе овозможи предвидлива потрошувачка на енергија дури и при подолги периоди на ниски температури.
 
Сигурно греење кога ви е најпотребно

Hisense инвертер клима уредите се создадени специјално за да ги издржат и најстудените зими. Дизајнирани да обезбедат сигурно греење дури и при температури до -22 °C, тие гарантираат дека домот ќе остане удобен и пријатен дури и кога зимските услови стануваат особено сурови. Ова е овозможено благодарение на интегрираниот грејач на надворешната единица, кој поддржува стабилна работа во екстремни услови, спречува создавање на мраз и придонесува за оптимални перформанси.

Создадени за долгите зимски денови

Долгите периоди на екстремно ниски температури претставуваат постојан предизвик за системите за греење. Hisense инвертер клима уредите обезбедуваат оптимална работа благодарение на Full DC инвертер технологијата и интелигентните системи за контрола, кои одржуваат стабилна температура во просторот и истовремено ги минимизираат загубите на енергија. Еколошките разладни средства, вклучувајќи го и R32, дополнително придонесуваат за ефикасноста на уредите, помагајќи им на домаќинствата да постигнат идеален баланс помеѓу персонализираниот комфор и одговорната потрошувачка на енергија во текот на целата година.

Конструкцијата на Hisense инвертер клима уредите е развиена за да издржи зимски услови карактеристични за постудените климатски подрачја. Овие надворешни фактори можат да влијаат врз долгорочните перформанси на апаратот, поради што Hisense инвертер клима уредите имаат антикорозивна заштита, која вклучува испарувачи отпорни на корозија, дополнително заштитен PCB слој, затворени електрични кутии и специјално обработени завртки, со цел да обезбедат издржливост и стабилна работа во текот на многу зими.

Интелигентен комфор

Моќните перформанси и иновативните функции се областите во кои Hisense инвертер клима уредите навистина се истакнуваат. Напредната 3D Air Intake технологија (достапна кај моделот Energy Pro X) го вовлекува воздухот од три насоки, овозможувајќи просторијата побрзо и порамномерно да се загрее. Во комбинација со Temperature & Humidity Dual Control системот, клима уредот континуирано ги прилагодува брзината на компресорот и протокот на воздух со цел побрзо да ги постигне посакуваните услови во просторијата и истовремено да обезбеди оптимална потрошувачка на енергија.
Кога нема време да се загрее целата просторија, Smart Eye сензорот за движење детектира присуство на луѓе во просторот и може приоритетно да го насочи топлиот воздух кон делот каде што се наоѓаат, овозможувајќи непосредно чувство на комфор уште пред да се загрее целата просторија.

Бидејќи во текот на зимата природната вентилација често е ограничена, Hisense инвертер клима уредите се дизајнирани да помогнат во одржување на здрава внатрешна средина. Воедно, напредните решенија за дезинфекција како HI-NANO и Hi-UVC помагаат во намалување на бактериите, вирусите и честичките во воздухот, што е особено добредојдено во сезоната на настинки и грип.

Вратете се во топол дом

Благодарение на Wi-Fi поврзувањето, Hisense инвертер клима уредите можат да се поврзат со ConnectLife апликацијата, која им овозможува на корисниците далечински да управуваат со поставките и функциите на апаратот.

Нема потреба да бидете дома за да создадете топла и пријатна атмосфера. Со само неколку допири на екранот, климатизерот може да се вклучи и да се приспособи според личните преференции. На тој начин се избегнува непотребна потрошувачка на енергија кога никој не е дома, а истовремено домот ќе биде загреан уште пред да се вратите од работа или патување.

Hisense инвертер клима уредите ја претвораат зимата од суров предизвик во контролирано, удобно и персонализирано искуство. Тие обезбедуваат моќни перформанси на греење кои се ефикасни, сигурни и безгрижни, без разлика колку ниски се температурите надвор. А до крајот на оваа година можете да одберете Hisense клима уред со 5 години гаранција на компресорот*.


*Акцијата за продолжена гаранција на инвертер моторот важи за сите клима уреди купени помeѓу 15.10.2026 и 31.12.2026 година. Задолжителна е регистрација на mk.hisense.com во рок од 30 дена од денот на купување.

(Комерцијален текст)

27 октомври 2026 - 09:29