Признанието „Golden Drum" е во категоријата Односи со јавност, подкатегорија: социјална одговорност за проектот насловен како Alzheimer's News Editors реализиран за Националниот институт за неврологија. Стручното жири меѓу 17-те финалисти и голем број на предходно доставени проекти за односи со јавност кои конкурираа, се определи за Злато за кампањата на агенцијата Публицис Македонија. Наградата се добива за креативност како и за ефикасноста на кампањата, односно колку таа придонела за надминување на одредени проблеми во локалната заедница. Успехот на кампањата се должи и на исклучителната соработка во која беа вклучени и трите водечки национални весници и петте најголеми ТВ станици, за да се информира 68% од вкупната популација, и тоа без медиумски буџет.
"Секој наш успех е пред сѐ резултат на довербата која што нашите клиенти ни ја даваат, како и на исклучителната работа и посветеност на вработените во Публицис. Како општествено одговорна компанија отсекогаш сме настојувале да помогнеме во средината каде што работиме и живееме, и многу ни е драго што за една ваква кампања добивме награда", изјави Александра Дилевска Симова, извршен директор на Публицис Македонија.
Целта на кампањата беше навремено да се предупреди на симптомите од Алцхајмеровата болест, каде луѓето најчесто се сеќаваат на нешта од минатото, но не и на работи што се случуваат во сегашноста. Претставивме разговори со Алцхајмерови пациенти, за она што се најновите вести за нив, а од нивните одговори креиравме „вести од минатото". На светскиот ден за борба против Алцхајмер на насловните страни на весниците беа објавени вести од минатото, а исто така вестите на ТВ станици беа заменети со вести од минатото. Главната порака на целиот концеп беше: Ова се најновите вести за луѓето со Алцхајмерова болест" изјавија од креативниот тим на Публицис Македонија.
Агенцијата ја доби и престижнa награда на Euro Effie Awards 2014, Сребрена статуетка за креативниот и комуникациски концепт за кампањата за Аргета "Одобрено од мајките." Euro Effie Awards е единствениот фестивал во светот каде награда се добива не само за креативност туку пред се за ефикасноста на кампањата
Сребрена статуетка на интернационалниот Euro Effie Awards 2014, креативниот тим на агенцијата Публицис Македонија ја доби за една од најуспешните кампањи реализирани во Европа, според продажните резултати и создадената дополнителна вредност за брендот. Проектот е заеднички со Публицис Словенија која беше и регионален координатор при реализацијата на медиумските и ПР активности на оваа кампања.
Наградата е добиена во конкуренција на кампањи од цела Европа, а во потесниот финален избор се најдоа 44 интернационални кампањи, од 34 различни адвертајзинг агенции од 11 европски земји. Меѓу финалистите се најдоа 34 кампањи од Германија, 7 од Обединетото Кралство, 4 од Франција, како и кампањи од агенции од Италија, Холандија, Латвија, Полска, Шведска, Швајцарија и САД.
(комерцијален текст)