Па добро бре остана ли некој нормален во државава? Еве во процесов од почеток (моја реконструкција) се инволвирале:
- Чичкото што отишол и ги набрал копривите.
- Бабичката што продавала марули (бега од местото на „злочинот").
- Двајца инспектори кои прават записник.
- Службено лице од надлежниот инспекторат што ќе го прекуца и во форма на пријава ќе го испрати до нивната архива и една копија до Суд.
- Службено лице во судот што ќе ја прими пријавата, ќе направи копија за архивата на Судот, и ќе го проследи до надлежен судија.
- Надлежниот судија го повикува пријавениот на распит, (кој во случајов немал пари за адвокат, инаку и адвокат би бил инволвиран?!?)
- Записничар на распитот кој ќе ја искуца изјавата и констатацијата на судијата.
- Судијата донесува одлука за обвинение, го проследува до службено лице во Судот за архивирање и проследување на обвинението на обвинетиот по пошта.
Успеав најмалце 8 луѓе да избројам, инволвирани во процес - осудување на човек за продажба на 15 коприви и 20 марули. Процедура започната и спроведена од почеток до крај и не, случајов не е извадок од скрипт на Монти Пајтон. Туку е реален случај, од државни службеници и органи на Република Македонија. И при комплетирање на процесов никој не се запрашува што е овде нихилистички апсурдно? Мислам 15 коприви и 20 марули (пазарна вредност од 300ден)?
Ова мора да се репродуцира како едно уметничко дело, и да се достави во таква форма пред надлежниот Суд, пред камери и фоторепортери, за да ја видат и самите апсурдноста на целиов процес и едноставно на секој благоразумен човек да му се згади од целото ова.
Па добро, остана ли некој нормален во државава?
Даниел А.