По одговорени точно 100 прашања, нашиот драг референт за односи и друго реши дека не може да стаса да објасни баш сè што го интересира народот. Му стигнаа близу 1.000 прашања, некои луцидни и занимливи, некои такви што Герасим ми пишуваше, "може ли да најдам кај живее некој од овие да го мавам со двоцевка?" Ние уживавме во неговото друштво, само се надеваме дека не го пореметивме трајно. Герасиме, било је часно служити с тобом. Рубриката за век и веков останува на овој линк. Шо не е јасно?