Сето ова што се случува на македонскиот интернет, генерално може да се подели на: портали, информативни сајтови, спорт и агрегатори. На страна од сите нив, е едно уникатно парче интернет, Fashionel, сајтот за мода.
Речиси се останато до сега имаме покриено со веб дизајн, мода немаме никако покриено. Работата што ние (а генерално и остатокот од интернет граѓанството) не ја перципиравме пред почетокот на соработката со Fashionel е сериозноста со која они му имаат пристапено и го работат сајтот и обемот на целата операција. Станува збор за сајт за мода, кој има редакција од неколку новинари, фотограф, дизајнери, одел за маркетинг, видео продукција...
Целата оваа екипа има нешто да каже, и целата оваа екипа постојано произведува содржина која заслужува да биде видлива и препознаена на нивната веб-страна. Ова ни беше основната водилка додека го правевме новиот сајт - место за сите.
Проектот имаше три точки на редизајн:
- комплетна промена на изгледот, доживувањето и чувството што го оставаат насловната, категоријата, статиите и галериите.
- реформирање на структурата на содржината а.к.а. кратење категории и подкатегории.
- темелно нова веб-платформа.
Новата насловна почнува со изборот на уредникот за најважните текстови на денот, а под ова на ред доаѓаат ставоите (колумните) на новинарките. Следни се неколку стандардни подкатегории на Fashionel, а под нив се редат последно објавените вести.
Во продолжеток на сајтот истакнавме некои од клучните рубрики - Интервју, Бела Соба и ЕЛ ТВ.
Ние ги замоливме а тие ни дозволија комплетна слобода околу изгледот на статијата, па им направивме две различни. Една за вести и интервјуа, друга за колекции. Двете со разиграна структура, и двете со големи слики. Меѓу можностите што ни ги побараа беше и автоматско вчитување на следна статија, и инсертирање на повеќе фотогалерии во еден текст. И ова го има.
Нормално им ги префрливме и содржините од стариот сајт, мобилен и таблет уреди се покриени, а техничкиот дел е решен идентично како и кај сите наши претходни проекти.
Сега клик тука за новиот Fashionel