Позајмени писма на читатели

Ќе прочиташ како странец во Л.А Тајмс може пријатно да се изненади и искрено да се одушеви од Македониија, па ќе видиш како на друг странец читајќи го тој текст му наврале топли спомени од Македонија, па едно време ќе ти дојде криво што којзнае од кога твојата родна земја не ти побудила нешто слично.

“Замини во дивина, цивилизирано" е текстот на извесна Марго Фајф која на читателите на Л.А.Тајмс им порачува дека "Македонија е едно од најдобрите изненадувања што ги има Европа". Текстот е базично информативен за тоа каде воопшто се наоѓа таа земја, како се изговара, дека претставува  егзотична мешавина од цивилизации богата со многу спомени од долгата историја на окупации и освојувања.

Безбедна, пријателска, евтина, со спектакуларни реки и планински врвови, недопрена природа идеална за безброј активности, Македонија е место кое ретко кој - дури и оние од западна Европа кои стигнуваат до Хрватска - ја има видено, пишува таа.

Дури и она што нас многу нè нервира, фактот дека туризмот во Македонија е во повој, за посетителите како Фајф е добра вест бидејќи се задржал "непретенциозниот шарм и топлото гостопримство."

"Приказните од нивното минато и начинот на кој се живее во оваа малку позната европска енклава ќе биде едно од најубавите моменти од моите патувања", ќе напише таа во Л.А Тајмс.

  • Во еден од следните броеви, писма на читатели, се сетил човекот кога бил кај нас па му дошло убаво. Го пренесуваме во целост:

Македонски спомени

Вистински уживав во статијата на Марго Фајф (“Замини во дивина, цивилизирано", 24 јули 2016). Имам многу топли спомени од патувањето низ тој дел уште кога беше дел од Југославија во 1979 година.   

Со семејството патувавме од Грција со нашиот Волксваген кампер и по кратко запирање на границата за да земеме визи и нешто локална валута, продолживме во преубавата внатрешност на Македонија, онаква каква што ја опишува Фајфер. 

Две работи памтам од таму до денешен ден.

Додека возевме луѓе пријателски нè поздравува мафтајќи ни со рака.

И тоа е местото на кое единствен пат во животот добив казна за брзо возење.

Таму знаците на кривините не значат сугестии туку ограничувања на брзината. Полицаецот бараше да платиме на лице место. Му ја дадов единствената локална банкнота која ја имав, што беше 50 пати повеќе од казната.

По неколку минути полицаецот се врати и ми ја врати парата, немал доволно да ми врати. И со насмевка ме пушти да продолжам по патот.

Ричард Финеман, Палм Спрингс

8 август 2016 - 15:05