Разно

Летајте Пекинезери!

Шнауцерка да требаше да се породи од шарпланинец ќе беше побрзо, ама, еве ги. Летечки пекинезери излетуваат со својот втор албум  "Дог шоу". 40 минути разно-разни чудесии на нашите драги несубвенционирани работници од областа на џезот, свингот и народната музика. Промоција во Менада, весело и теби и мени.

Извинување од Трендо до Кајшаров

Пред да се бави со она со кое сега се бави, Тино Кајшаров беше пејач и како таков се најде во една колумна во Трендоленд. Слеп каков што го дал Господ, авторот на колумната не беше бил свесен дека во случајов, пеењето е најмалиот можен проблем. Ако пишувањето за него и неговите два (сега е јасно, прекрасни!) спота некако придонело тој да ја напушти пејачката кариера и да се посвети на бркање на ѓаволот (каков е бре тој ѓавол што му се плаши на Кајшаров?), му се извинуваме и нему и на сите засегнати страни. Пеј ни Тино, сè ти е простено! Во спорната колумна беа спомнати уште двајца пејачи, еден Славиша и еден Брајан со ипсилон. Нема ваљда и они?

Македонската естрада, од времето кога се сакаа

Песна на Џина Папас Џокси. Сцена: хаос! Петранка Костадинова шизи твист, Вики Среброва во астронаутско, Јонче мафта со 100 грама кафе. Уште не сте убедени? Eднаш кога ќе го пуштите, ќе сакате никогаш да не заврши.

Има ли добри вести во Македонија?

Ако сте налетале на оваа њујоршка рубрика во која се наведуваат само убави работи што се случиле неделата, па ви се бендисала па сте решиле да проверите дали има нешто такво и кај нас, одма да ви кажеме: ИМАЛО!

Машка работа

Не затоа што локалниов фраер се заигра со брусхалтер туку затоа што после толку палење, најмашки, сам си ја заврши работата.

Шиптарчето Дарко

Дарко Митревски објаснува зошто е апсолутно рамнодушен кон Албанците. Па сепак, писмото околу срањата што се случија на натпреварот Србија- Албанија го потпишува како Дарчо Шиптарчо. Зошто? Како и секој пристоен човек, заради инает на ајваните во своите редови.

Апостолски има нов брилијантен мешап

Том Џонс и Шоте мори Шоте! Си се сакаат ко братче и сестриче. Браос друже!

Македонски и албански ресторан

Ки и Пил се двајца американски заебанти кои имаат свое тв шоу и се зезаат со кого стигнат, често карикирајќи особини на разни нации. Па, драги наши, стигнавме и ние на ред, Да видиме колку сме тенки со нерви кога се работи 'за оние другине'.

Од Југохром до Скопје

Кога дува западен ветар, чадот од Југохром не ја загадува само Полошката Котлина, туку и Скопската.

Македонија, те едно те исто

Еден Енглез акал по Македонија пред стотина и кусур години па напишал книга за тоа што видел овде. Ќе ви издвојиме само неколку цитати од книгата, за сами да процените колку овде се неменуваат работите. И другпат кога ќе се вратите од 10 дена одмор, да не малтретирате луѓе со она "што има ново?". Овде нема ново со векови.

Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер

Полицискиот стил на пишување заслужува да добие статус на посебен литературен жанр. Тоа е она кога џандари ќе изџигерат некого а во записник ќе запишат "со употреба на сила беше доведен во состојба на послушност".

Другари се кога се караат

Чујте (колку што можете) една вонредно залудна кавга меѓу двајца другари. Цели 18 минути безвезно курчење. Ние издржавме неколку минути, до она "немој да те рашлакам ко магаре"! Ако издржите до крај, секоја чест. Ако до крај на клипот некој некого убива, пишете ни.

Семплирана демократија

Земате еден сигурен и проверен семпл и потоа го ставате во бесконечен луп. Не е ова рецепт за правење хит, туку за нешто друго, некои нагалено го викаат парламентарна демократија. Човек речиси да помисли дека Цеца го гледала ова па тек тогаш го извадила стихот "Како ти не досади?'

И Груевски не е за кацига на точак

Сакаме да ги потсетиме сите кои ја буткаат идејата за задолжително носење кациги на велосипед, дека ние другите имаме прилично силен сојузник. Па нека продолжат да лобираат за незграпната иницијатива и на наша и на нивна штета.

Галија, мазија, пак ќе биде наша, најгрда

Официјално видео претставување на првото бродојавление во светите води на реката Вардар.

Ноќеска во Чаршија

За мене од сега постојат само Македонци од различна националност и вера, ама пред се ГРАЃАНИ, а овие бea талибанци, што им смета сè што не е муслиманско и албанско.

Подржете го Дамир Пух на Guitar Idol

Нашиов ја минал елминационата фаза и сега е во ТОП 100 листата. Понатаму останува на жирито и на вашите гласови. Свири своја песна, чујте го како ја топе па гласајте.

Груевски да се произнесе дали се сретна со овој човек

На горенаведениот му дадовме фора од цели 8 години да го прими овој човек и да поразговарат како колеги. Дали тоа се случи, што било разговарано а што заклучено (а сето тоа живо нè занима), нека седне и нека ни раскаже на меил. Ако не па тој, нека ни пише дипломираниот економист Игор, авторот на предупредувачкото писмо "Јебали смо јежа', кое го вадиме од нафталин, да не помисли некој дека имаме памтење ко просечен македонски медиум.

Какви сè музики преживеавме

Кога човек слуша денешни срања од музика, може крајно наивно да помисли дека е тоа ексклузивитет на ова време, дека порано не можело такво нешто јер се знаел некаков ред и имало некои стандарди. Ево вам га на: 1987-ма година, група Присобрани. Џемпер - баклава, молитва - рисјанска, хумор - неиздржлив. 

Јас сум поминал убаво, а?

Тетовчанец, ведар и расположен да ги сподели импресиите од циркусот кој дошол во неговиот град. Под а се Италијанките, под б е коњот. Ова под б го стегал, ама тоа е.

Пентарење по Прилеп

Се собрале спремни батки и женски од странство и дошле во Прилеп да пробаат неколку карпи. Батале го за момент она Фиром и уживајте, видеото е екстра.