Разно

ТОП 13 мигрантско-бегалска листа

Васко од Бернајс веќе ни беше Диџеј на Трендоленд (слушни тука), но заради актуелноста на ситуацијата и неговата генијална просветителска идеја што треба да слушнеме, еве ни го пак, како единствен човек кој двапати ни пуштал музика. 

Се гледаме вечер во МКЦ после 20 часот

Вие ќе имате книга а деца од улица ќе имаат школски прибор. Сè друго се слатки бонуси.

И Македонија има "badass" женски

Базфид има статија со наслов "17 Badass Women You Probably Didn't Hear About In 2015". Ги има тука секакви а ги има и наши. 

Скопјанец на денот

Човекот може да се најде кај Палета, кај Тинекс во Центар. Проси, не знаеме дали е бездомник или каков дом има. Знаеме само дека ако го сретнете....

Т како фестивалот кој го смени Скопје

Пред точно 20 години (на 9-ти декември 1995-та година), на некои скопјани и други им се случи една неочекувана иницијација. Настапија Prodigy, Dog eat dog, Архангел, Renegade soundwave... Еден лајн-ап кој и денеска е остварлив но кој тогаш имаше форматирачко искуство за сите кои се најдоа на тоа место и форевер се имунизираа со таа музика и енергија. 20 години подоцна, немаме сретнато некој кој бил на тој концерт а подоцна успеал да стане сељак.

Бил Мареј нè призна под уставното име

Легендарно опуштениот Бил Мареј најде да се нервира баш со наш човек! Па да му вика: "Ајде, лудаку македонски!" Да му се лутиме не Бил? Ма неее....

Да се оди на ова!

Навидум досадна научна трибина на македонски историчари. Но, ако се прочепка малку подлабоко во агендата, може да се наиде на нешто многу секси.

Гурбетџиски муабети

"Што се случува кога се обидуваме да се вратиме во Македонија, да работиме и да придонесеме таму, што се крие зад зборовите?", запраша Милчо Манчевски добивајќи награда од Обединетата македонска дијаспора.

Љубовно пакетче за Скопје

Од песната на Џовани до десетте епизоди на Досие Скопје.

Отец Пимен за Задушница

Освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно?

Специјален гиф на денот

Она кога на специјалната обвинителка Катица Јанева ѝ викаат слободно да одбере кои обвинители ги сака.

Нашиот Александар Македонски е женско и се вика Ивана

Поминати  82.000 километри низ 39 земји и 5 континенти. Патувањето започна на 17 април 2013 а Ивана деновиве ни пиша како ѝ е и зошто уште го прави тоа.

Капата долу за Орхан

Настрана сите големи паламудења на оваа тема, "имам едно фино проектче" и "ваљда ќе се учипи некоја амбасада", Орхан седнал и напишал песна посветена на неговата љубов.

Ќе се фати ли некој за пиперката?

Една од идеите кои сме ги мозгале со покоен Иво Лауренчиќ, човек со вонсериска енергија и шарм, беше неговата замисла од македонската пиперка да се создаде силен и глобално препознатлив бренд. Онака како што маслинките се грчки а лалињата холандски.

Бургов се прости од Уснија

На Коста Бургов тешко му падна веста за смртта на Уснија Реџепова, една од неговите најголеми музички идоли. Ги објавуваме неговите зборови напишани  по овој тажен повод.

За едно специјално Фејсбук пријателство

Имаме два едноставни елемента во оваа сторија. Еден Фејсбук профил и еден пријател на тој профил. Интересното доаѓа кога знаете дека Фејсбук профилот е на КПД Идризово а френд им е  - Катица Јанева. Не би да се мешаме во ничие пријателство ама би било фино ако пораката што стои зад ова пријателство на Јанева е "'Пријатели, правете место, ви носам гости".