Балканштина

Младите Срби веќе не разбираат хрватски

Постари луѓе во Македонија знаат да се чудат како нашиве млади не разбираат српски или хрватски што обично им служи само како повод да запознат прикаски за отекување како било некогаш, како сите се разбирале во Југославија, учеле јазици, читале стрипови,  ете ја и неизбежната ЈНА... ЈБГ старки, се менуваат работите, хиљаду му даброва.

Вучиќ, икона на штедењето

На опозицинерски расположената Србија, ова видео им користи како пример дека светот нема видено таков лопов како Александар Вучиќ. Влегува тој во манастирот Студеница, некој од екипата му додава пари за да стави на икона, Ацо парите ги става во десен џеб, ја целива иконата и се фаќа за - лев џеб. Така се чуваат пари, чеда божји.

 

Професионалец

Толку добро го научила напамет она што треба да го каже што нема да дозволи едно обично паѓање во несвест да ја спречи да го каже текстот. Греота. Не е убаво да се смеете, ама, ние ќе ве разбереме. Други се тие што судат и очекуваме да се појават по коментари.

Во случај на поплава, не правете ја ова грешка

Драматична снимка од актуелните поплави во Белград која лесно можела да има трагичен крај. Среде поплавена улица на Петлово брдо, жена доаѓа на идеја да дигне решетка од атмосферскиот одвод, за водата побрзо да се одлева. Само што, не ѝ текнува дека во тој случај, можеби нема да биде повлечена само водата. За среќа, во близина биле луѓе од Градска чистота. Херојот го викаат Срки.