Балканштина

Кога министер би бил искрен

- Не мрдам од функција додека мојот пра-пра-правнук не биде милионер. - Дали е тоа коректно кон граѓаните? - Кои граѓани? Па тоа све сељачишта се.... Така тече ова интервју за кое, да не се објаснуваме после со оние кои нема да ја регистрираат иронијата и сарказмот, одма да кажеме дека, за жал, човекот не е министер туку се работи за босанскиот глумец Мирза Мушија. А убаво би било кога стварно...

Заедничката воена економија на Туѓман и Милошевиќ

Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маретиќ тврди дека поседува документ кој му го дала главната банката на Слободан Милошевиќ, старата Борка Вучиќ, кој сведочи за една од највалканите тајни на екс-југословенските војни: за време на најголемите злосторства, протерувања  и пљачки, Милошевиќ и  Туѓман имале заеднички сметки на Кипар со кои се финансирале воените игри.  

Кај орлите, на Атос

Репортажа за оние кои веруваат дека се најблиску до Бога, живеејќи монашки и аскетски живот на Света Гора (за туристичка Македонија, третиот крак на Халкидики). Панајотис од „трета мајка“ заживеал таму, одбирајќи да биде со Бога наместо со спортот кој многу го привлекувал, одбирајќи ја Богородица наместо овоземна жена. Условите се сурови но живеењето е автентично, уверува грчкиот монах.

Тито? Кој е тој?

На една серија генерации нема да им се верува она што ќе го видат бидејќи долго време се колнеа дека никогаш нема да дозволат да се заборави неговиот лик и дело. На друга серија генерации ќе им остане прашањето: А стварно, кој е човекот?