Балканштина

На стратешките места нивни луѓе

И сега ова ќе го погледнат оние кои седеле со него во училиште, оние кои го познаваат а кои учеле, се труделе, завршувале школи. И како таквите да ги резимираат своите животи?  

Долга е идејата на Шилегов

А вие мислите само скопскиве се забегани што организараа настан  по повод урбанистичкиот гејм чејнџер проект „После ГТЦ, 50-ка одма ќе врти десно, наместо да оди право па десно“ (не може пократко да се опише, комплицирано е). Чекајте да ги видите нивните ПР побратими од Владичин Хан. На платото пред општината, свечено предавање на - клучеви од четвороцикл.

Вака се прави тоа

Државен секретар за демографија во хрватската влада, сред прес конференција си дава оставка! Со најчовечко образложение, во име на професионалниот и моралниот интегритет. И немојте некој да кажал: „Ете што е Европа!“ Пошто не е до Европа, до човекот е.

Мрш!

Ако секое „мрш“ будеше по еден пратеник, можеби некои работи ќе му тргнеа на овој дел од светот. Боже, боже, колку го избезуми!

Посмртно убивање на ЕКВ

Ајде да речеме дека човекот пее коректно ама сè во овој контекст е бласфемично: Милан, Маги, Бојан Печар и Жика (ВД, Фирчи...) не правеа музика за таа да заврши на „Никад није касно“ (верзија на Звезде Гранда за оцвали таленти), а башка онаа пачаврата од жири која се разигра а ни рефренот не го знае. Сав мој бол, индид.

Македонија е грчка?

ОК. А што станува со шумите, водите, патиштата, аеродромите, езерата и возовите?