Балканштина

Мама, молим те

Дечко од Србија го честита Бадник и Божиќ а мајка му има нешто да додаде.

Како го снимаа Хуља

Сме гледале десетици „Making Of“ на некои од најголемите спектакли на филмското платно па сепак, ниеден од нив не му ни до колена на ова. Репортерот се прави недоветен само за да го извлече максимумот, тоест да ги тестира нервите на својот домаќин, апсолутниот јунак на ова документарно парче, Хуснија Хуља Пепиќ.

Хрватштина

Сајт со име Тотал Кроација њуз кој се занимава со вести околу Хрватска ама на англиски јазик, прави список на „хрватштини“ собрани во живо или по интернет. Конкретен смер на текстот, превод од хрватски на англиски.

Таму изгледа всичко е за на очно

Колку што разбравме, дечково што е влезен во јак порно манир се вика Папи Ханс, а песната му е „Кекс“. Нејасно ни е како успеваат да се волку најјаки за која и глупост да се фатат.

На мекото перниче на БПЦ

Направете си вие своја верзија ама нам најуверливо ни звучи нашата: храбар визионер од МПЦ наседнува на приказните дека мекото и удобно перниче на БПЦ е најдобра заштита од ударите на другите нефер православни учесници во сообраќајот. Како помина првиот тест?