Македонштина

Е, тие...

Ај Заев што лупета, тоа веќе не може никого да изненади, ама таа позади него што преслатко се насмеа на прејаката финта „Што ако не стигнат вакцините“. Тие што им се смеат на „смешките“, што се церекаат на секоја нивна недугавост, што им прават Матрикс дека се паметни и најјаки па во еден момент тие ќе поверуваат дека стварно е така. Е, со нив како ќемо бе другари?

Народ свиња на реката Пчиња

Неколку секунди видео снимка како изгледа Пчиња кога минува низ Бислимската клисура. Да, хорор. Ќе погледнеме, ќе поц'цкаме, некои ќе помислат дека ова е згодна тема да се побара некој нов грант, и тоа е тоа. И Пчиња и ние потоа ќе си продолжиме по старо. 

Срце, раце и лопата

Не е потребно да чекаме некакви глобални топ листи за да споредуваме каде сме ние а каде е светот. Секојдневно, пред очи ни се одвиваат примери за нашата супериорност, ефикасност и брзина. 

Имаме апдејт на изреката „Некому мајка а некому маќеа“

Како и јазикот, и изреките се жива материја па постојано ги физиономира времето во кое живеат. Така, во оваа ера на родова еднаквост и родова флуидност, не е фер дволичниот однос кондензиран во изреката „некому мајка а некому маќеа,“ да биде фиксиран само за едниот пол, тоест за жената. Да слушнеме како звучи по ново.