Фудбал

Нант победи па играчите и навивачите згрмеа во чест на Сала

Во францускиот Куп, Нант со 2-0 го победи Тулуз, се пласираше во четвртфиналето, а после мечот победата му ја посветија на Емилијано Сала.

Коби Брајант: „Чистокрвен миланист сум“

А како и не би кога на 6 години се сели со родителите во Италија каде татко по завршување на кариерата во НБА, потпишува со италијанскиот Риети. Коби одлично зборува италијански и одвреме-навреме ја посетува оваа земја.

Какво славје, отидов во болница жена ми се пораѓа

Англискиот четвртолигаш Њупорт направи сензација во ФА Купот, елиминирајќи го второлигашот Мидлсброу, но никој не зборува за големото изненадување на колото, туку за голманот на Њупорт кој го украде шоуто.

Е како бе му ја даде со тој фелш?

Тука реално им треба левак, некој заебан ко Синиша Михајловиќ или Александар Коларов, ама во аргентинскиот нисколигашки фудбал не мислат така. Гледајте и чудете се.

Кристијано Роналдо доаѓа во Скопје

Не е скриена камерна, ниту априлилили (февруари сме). Фудбалерот со 5 титули во Лига на шампиони и со планетарна слава наскоро ќе дојде во Македонија. По трет пат.

Изненадувањето во соблекувална после кое Бенфика славеше против Спортинг

Во големото дерби на португалскиот фудбал, Бенфика на гости со 2:4 го потопи Спортинг Лисабон. Ваквата претстава на „орлите“ се должи и на убавата мотивација што ја имале пред мечот во соблекувалните, од најблиските.

Добро реално ли е ова?

Малку е за ова да праша човек дали е карамбол на колото или сезоната. Па овде не се знае кој јаде кој пие. Фали уште да ја фати некој топката со раце и да рече доста е.

Не го пцуј судијата, плукни го во фаца полесно ќе поминеш

Дисциплинската комисија во Италијанската фудбалска федерација скроз ги измеша брзините околу две казни на четвртфиналните средби од Купот на Италија. УЕФА се чуди и ика, а веројатно и Даглас Коста и Синиша Михајловиќ.

Во ОАЕ апсат и затвораат ако носите дрес на Катар

Британскиот државјанин Али Иса Ахмад бил задржан во полиција во Обединети Арапски Емирати поради тоа што се прошетал со дрес на Катар, селекција која го освои штотуку завршениот Азиски Куп на нации.

Како во Полска се играл фудбал за време на Втората светска војна

Во време кога за крив поглед се завршувало во концентрационен логор, голема група ентузијасти и покрај забраната скришно организирале фудбалска лига. Окупаторот затворал, убивал, рушел стадиони, но фудбалот во Полска преживеал и покрај сите ужаси.

Браво бе мали за приемов

Папу Гомез од Аталанта важи за играчиште во Италија, ама како велат, за да бидеш голем треба да признаеш дека кога нешто е добро е добро. Аплаузи од Аргентинецот за малиот, аплузи од Офсајд за Папу Гомез. И за малиот.

Излезе од семејство кое не е за пример и стана перфектна машина за голови која не зарибува ниту на 34 години

Не добил помош од татко му, туку тој му дал на него. Не добил помош од брат му, туку тој му дал на него. Излегол од семејство во кое тешко можел да се надева и на помош од мајка му, бидејќи се борела со двајца неотракани мажи.

И сега кај кого ќе оди оскарот?

Мислевме дека сме ги виделе и објавиле сите можни глумци кои се лигават на терен само ако ги допреш, а и да не ги допреш, ама чекај ова да видите вие. Тука имаш двајца торковци, иста школа.

Сите голови на феноменот Роналдо за Барселона

Многу чест коментар меѓу фудбалските зналци е дека таков талент се раѓа еднаш на 100 години. Налетавме на уникатно видео за неговите мајстории во дресот на Барселона.

Фотографија од авионот на Сала и пронајдено едно тело

По синоќешната информација за пронаоѓањето на авионот на фудбалерот на Нант кој беше на пат да стане нов играч на Кардиф, објавена е првата фотографија од авионот кој потонал во каналот Ла Манш.

Столе манија меѓу навивачите на Рајо Ваљекано

Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.

Падна најатрактивниот автогол на сезоната

На пријателски меч меѓу данскиот Одензе и шведскиот Хелсинборг падна комичен автогол. На стартот на вториот дел сдесниот бек на Хелсинборг, Андерс Рандруп си даде евро-автогол.

По 12 сезони, 519 меча, капитенот со ирокези фризура замина од Наполи

Ја одбил Борусија Дортмунд затоа што во Европа не сакал да игра повеќе за друг клуб освен за оној од градот во кој го сакаат колку и Диего Марадона.

Одбрана на Јан Облак што ќе ја гледаш одново и одново

Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.

Зошто Пјонтек ги слави головите со имитација на рафално пукање?

Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.

Карим растура, публиката го величи

Реал Мадрид влезе во одлична серија и има 5 од 5 во Куп и првенство и тоа доста ефикасно со 15 постигнати гола. Најсветла точка периодов во тимот им е најоспоруваниот, Карим Бензема кој топ не го бие веќе 10-та сезона на Бернабеу. Во моментов е најдобар стрелец во тимот со 10 гола, а само на последните четири средби постигна шест. Сосема заслужени се овие скандирања.

Без кичма ќе останеше за малце

Реал Мадрид го совлада Алавес со 3:0, а Мариано Дијаз во еден дуел непречен од никој, сам себе се издрибла, се совлада, се исповрте и падна, а сакаше само да го оствари оној прв допир со топка. Смешки.

Пронајден авионот во кој исчезна Емилијано Сала

Шефот на истражувачкиот тим кој работи на претрага на потонати бродови, Дејвид Мрнс, соопшти дека на дното од каналот Ла Манш бил пронајден авионот во кој на 21 јануари се изгуби фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.