Фудбал

Ѓоко Зајков: Нема авиони и возови, веројатно ќе не спроведат до граница

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков изгледа нема да дебитира во украинското првенство, откако ноќеска безбедносната ситуација во оваа земја нагло се влоши.

Како воениот конфликт ќе се одрази на светот на спортот и кои настани се во Русија?

Воениот конфликт во Украина ја потресе и спортската јавност, па распоредот и календарите на одигрување на некои средби се доведени во прашање, првенства суспендирани, натпревари одложени.

Украинец постигна гол во Лига на шампиони и го прослави со патриотска маица

Бенфика и Ајакс одиграа ефикасен меч во Лига на шампиони со четири гола. На крајот со 2-2 задоволни и едните и другите, домаќинот зошто израмни во 72’ минута а гостите зошто на реваншот ќе имаат активен резултат. Јаремчук израмни на 2-2 и голот го прослави со маица за поддршка на неговата земја Украина.

Како Митре стана стрелец број 1 во Чемпионшип?

По сензационалната победа над Португалија и пласманот на Србија во Катар, Дарко Панчев во утринска српска емисија кажа дека српската репрезентација со Митровиќ, Влаховиќ и Јовиќ во напад, може да биде раат со давање голови во наредните 10 години. 

Деби гол на младиот Еланга во ЛШ, вреден реми во Мадрид за Манчестер

Втората осминафинална ноќ оваа недела во ЛШ заврши без победници, што внесува уште поголема возбуда и неизвесноста на реваншите. Атлетико и Ајакс можат да жалат за резултатите, бидејќи ги имаа победите в раце.

Страшно добра компилација на врвни потези во ЛШ

Пазете го друштвово: Роналдињо, Иниеста, Ибрахимовиќ, Меси, Роналдо, Нејмар, Зидан, Ривалдо, Хаџи, Окоча, Рибери, Тоти, Анри, Кака...А да, го има и Џон О`ши со оној негов антологиски дриблинг против Фиго. Многу моќна компилација, која те враќа во минатото да сфатиш што чудесија од мајстории сме се изнагледале во ЛШ.

Него женскиот фудбал е во криза

Само два дена по епскиот хет-трик од автоголови, дело на репрезентативка на Нов Зеланд, налетуваме на ваков слободен удар. Ќе си пукнеме од мака што нема никогаш да дознаеме што ќе се случеше ако шутнеше и трет пат.

Стручњакот на Челси кој изучил 16.380 аути за 60 часа и со кого тимот растура од прекини

Челси рутински се справи со Лил и славеше 2:0 на првиот меч пред реваншот во Лига на шампиони. Победата ја најави во 8’ минута Кај Хаверц кој влета после еден корнер на Зијеш и со глава го отвори резултатот. Opta пресметала дека ова е веќе четврти гол по корнер на Челси во Лига на шампиони. Никој повеќе не дал од нив.

Друже фудбал е ова, не е игра влечење со јаже

Апсурден начин на стопирање акција и правење фаул во Аргентина. Му ги распара шорцевите, па фатија да го крпат на лице место.

За мир во куќа, Бугарија ќе ја пречека Македонија во Разград наместо во Софија

Стадионот „Хјувефарма Арена“ во градот Разград на кој игра хегемонот во бугарскиот фудбал, Лудогорец, ќе биде домаќин на најдобрите бугарски и македонски фудбалери на отворање на третата сезона од Лига на нации.

Соло мајсторија во Б тимот на Бенфика на која полуде цела клупа

Дечкото се вика Фабињо, има 20 години, игра на позиција десен бек и тоа e сè што треба да знаете. Поентата е во тоа само да го гледате како им го зема паметот. А за ова десен бек, нека си размисли добро тренерот после клипов.

Сјајно деби на Душан Влаховиќ, Јувентус со поволен резултат се враќа во Торино

Најскапото зимско засилување за кое Јуве одвои астрономска сума, вечерва на гости на стадионот „Де ла Керамика“ даде гол после само 32 секунди игра и стана еден од рекордерите со најбрз дебитантски гол во Лига на шампиони. Виљареал успеа да израмни до крајот, а Челси со 2:0 рутински го совлада Лил.

Ѓоко Зајков од Украина: Нема паника, 8 години е вака

Стоперот на македонската фудбалска репрезентација играше за Работнички, Рен, Шарлоа и Левски Софија, а од минатиот месец е тазен член на украинскиот прволигаш Ворскла Полтава кој котира на петто место на табела. Нема намера да ја напушти земјата, на 27-ми ќе дебитира за новиот клуб.

Ве чекам на корнер, што дремете?

Ретко е, ама знае понекогаш да се случи ова на фудбал, овој пат во Индонезија. За коментаторов изгледа прва ваква сцена во пренос, со оглед на тоа колку слатко се изнасмеа.

Страшно тешкиот подвиг на Сасуоло кој само четири пати се случил во Серија А

Статистичарите извадија податок дека вакво нешто последен пат успеала да направи Фиорентина пред 66 години. Што се случило на крај? Го освоила Скудетото.

Поединци повикуваат да не се игра баражот за Светско меѓу Русија и Полска

И покрај тоа што пред само два дена, во шпанска Марбеља која важи за идеално место за подготовки се сретнале селекторите на Русија и Полска, Валериј Карпин и Часлав Михневич и во срдечна атмосфера разговарале за претстојниот полуфинален бараж за пласман на Светско првенство, сè погласно се заговара одложување на овој меч поради затегноста на односите меѓу Русија и Украина.

Ги прашале најпознатите играчи од Премиер кој им бил идол во детството

Најчести одговори се Роналдињо и Зидан, по некој за Меси, Тоти, Бергкамп, а има и такви кои растеле со финтите на Давид Силва кој од скоро игра за Реал Сосиедад во Шпанија.

Мал фудбал на денот, два на два

Снимката е направена во Рим од балкон и штета што трае само 14 секунди. Во еден момент една место топката, ја рогна копачката, ама нејсе. Тука се забележува желба за фудбал, што е најважно. Браво за калуѓеркиве.

Го имаме најсмотаниот слободен удар на сезоната

Во бразилското првенство Катариненсе, на мечот меѓу екипите на Конкордија и Шапекоенсе домашните пробаа итро да изведат еден слободен удар кој го вежбале на тренинг. Се посрамотија пред цел стадион а видеото се прошири по цел свет.

Деби гол на Трајковски во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец удри сефте во новата фудбалска средина за Ал Феја. Со својот прв гол, Александар Трајковски им помогна на своите да се пласираат во полуфиналето од кралскиот Куп. Славеа против Ал Батин со 2:1, а тој го постигна првиот гол на мечот по една убава асистенција.

Хет трик за 30 минути по кој ти доаѓа да смениш професија

Македонскиот стратег Влатко Андоновски кој ја води женската фудбалска селекција на САД, беше сведок на најуникатниот хет-трик за кој сте чуле до сега. Ем брз, ем во исто полувреме, па уште и во погрешна мрежа. Неверојатно.

А носилки немаме ли во прва лига?

Шкендија - Борец, македонска прва лига. Еден од играчите повреден лежи на терен. Нит се истрчаа да го земат со носилки, нит со оние количкине. На раце го изнесоа, како да е ова меч од 1952-ра година. Па уште и на Арена ја даваат, за да пукне регионална брука.

Дуел од Премиер лига кој ќе беше подобро да не го фати камера

Нил Мопеј од Брајтон против Ерик Питерс од Барнли. На почеток ќе разбереме, борба за топка, ама на крај ја претера и ќе влезе во некоја неславна компилација на потези во фудбалот.

Шкорпион-гол во Австралија кој ги полуди коментаторите и навивачите

Вестерн Јунајтед со 3-2 го победи Вестер Сиднеј Вандерерс. Два гола за домаќинот даде Бен Гаручио а вториот, за водство од 3-1 беше неверојатен. Сигурен кандидад за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.