Фудбал

Колекција од неверојатните одбрани на Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.

Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14. титула, петта во последните осум години во Лига на шампиони откако вечерва во Париз на „Стад де Франс“ го победија Ливерпул со 1:0.

Елмас одмора од наполитанскиот џагор во селска идила

По напорната сезона со 46 настапи за Наполи на три фронта, Елиф се релаксира и ги полни батериите пред репрезентативните настапи на чист планински воздух. Се прошета низ зеленилото, ја посети чешмата, израдува еден куп деца, а потоа си седна излетнички на мезе.

Какво било првото европско финале меѓу Ливерпул и Реал одиграно во Париз?

Во Париз во сабота вечер од 21 се игра најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал - финале на Лига на шампиони. Ќе се судрат титаните Реал Мадрид и Ливерпул кои на фантастичен начин ги урнаа сите препреки во нокаут фазата.

Како Мурињо ја обнови Рома и ја направи кадарна за европски трофеј?

Многумина сметаа дека на Португалецот му заврши најдоброто време и ретко кој веруваше дека сезонава ќе испише историја. Но тој ги обедини и клубот и базата на навивачи, за прв пат од неговото време во Интер.

Сте гледале ли пливање во слободен стил, краул, ама на фудбалски стадион?

Силен дожд го одложи фудбалскиот натпревар во Бразил меѓу Спорт Ресифе и КРБ. Нема проблем, тогаш ќе им понудиме друг спорт на гледачите. И онака жештини фатија. Три, два, еден, сад.

Една подзаборавена петица во финале на ЛШ

Порто има два трофеи во ЛШ, вториот со Мурињо во 2004-та, а првиот на денешен ден пред точно 35 години под водство на хрватскиот стратег Томислав Ивиќ. Го добија Баерн Минхен во Виена со 2:1 и тоа со екстра брз пресврт, дело на Алжирецот Раба Маџер 79` и Бразилецот Жуари 81`. Ваквите голови во финале како петицата на Маџер се реткост. 

Хајдук освои пехар после цели 9 години, Сплит гореше од прослави

Фудбалерите на Хајдук го освоија хрватскиот Куп за сезонава 2021/2022 а со тоа и првиот трофеј после речиси една деценија. На својот „Пољуд“ кој беше исполнет до последно место, Сплиќаните губеа 0-1 од ривалот Ријека но направија целосен пресврт и славеа победа од 3-1.

Најубавите голови на сезоната собрани на едно место

Во Европа се спушти завесата во речиси сите првенства. Се прославија титули, купови, се плачеа испаѓања, борби за опстанок и слично. Налетавме на видео на кое некој цар ги собрал, направил компилција од најубавите голови на сезоната 2021/2022. Уживајте!

Џовани го имитира татко му Диего Симеоне, ама оригинал

Џовани Симеоне од Верона се ожени на 26 години и кога се дотера во стилот на татко му, мислиш него го гледаш. Му ги кине потезите кои ги прави на клупа. Оригинал.

Кој кого тепа тука после Сасуоло - Милан и зошто?

Сè некој тепа некого деновиве на фудбал и тоа грото од инцидентите се на сам терен. Сега најново налетавме на снимка од Сасуоло после освојувањето на Скудетото на Милан. Ако можете дешифрирајте кој, кого и зошто дели шамари? Во еден момент навивач на Милан удира друг навивач на Милан. Чуму?

Вратен златниот медал на тренерот на Милан, крадците паднале на Инстаграм

Италијанската полиција експресно му го врати златниот медал на тренерот на Милан Стефано Пиоли за освоеното скудето, а кој му беше украден во големата инвазија на терен од навивачите на росонерите.

Да ти намигне еднаш чичо, никој не гледа

Кога само неколку минути ја делеа Рома од прв европски трофеј од формирањето на клубот, Тами Абрахам го искористи еден од најпознатите начини на задржување време, а тоа е симулирањето на повреда. Ама тоа го направи неумешно и се издаде бетер од Бускетс. Реакцијата на коментаторот е хит.

Скандалозен однос на Манчини за време на прославата на Рома

По последниот судиски свиреж на финалето во Тирана, веројатно ја забележавте чудната реакција на Џанлука Манчини кој од необјасниви причини се изнервира и го удри Брајан Кристанте. Се појави второ видео на кое е уште повеќе насилен и тоа повторно со свој соиграч.

Незапаметен меч на играч на Ривер: даде двоен хет-трик и влезе во историја

Тотално невозможен натпревар одигра аргентинскиот центарфор Хулијан Алварез, големата ѕвезда на Ривер Плејт кој убедливо со 8:1 ја згроми Алијанца Лима во последното коло од групната фаза на Копа Либертадорес.

Мурињо заплака на сред давање изјава, а играчите му упаднаа на прес

„Многу работи ми поминуваат низ глава, многу работи во исто време“, рече емотивниот Мурињо кој како да го потценија откако прифати да ги тренира Тотенхем и Рома, а тој синоќа освои нов европски трофеј, прв во историјата на Рома. Фудбалерите направија делириум на прес конференцијата по мечот кој продолжи во соблекувалната.

Жозе Мурињо 5/5

Легендарниот португалски тренер успеа да стигне до финалето на првото издание на новиот турнир на УЕФА, Лига Конференции, и да го освои трофејот. Ова е петта победа на Жозе Мурињо во пет евро финалиња.

Олимпико експлодираше на првиот европски трофеј на Рома

По рецептот на Ајнтрахт Франкфурт и навивачите на Рома се собраа и направија фешта на својот стадион, каде на видео бим го следена финалето од Конференциска лига.

Како славниот Малдини од сенка изгради шампионски Милан со победнички менталитет

Паоло Малдини е најголема легенда на Милан на теренот, а по освојувањето на Скудетото почна да гради статус на легенда и надвор од него. Неговата филозофијата е јасна: Ниту еден играч не е поважен од Милан. И кој може подобро да ја пренесе таа порака од Малдини.

Левандовски е крал на стрелците, заслужено ја освои Златната копачка

Интересен, необичен список на најдобри бомбардери сезонава ширум Европа. Има некои многу познати имиња, а има и едно помалку познато име.

Кои клубови имаат најмногу навивачи во Италија?

Се работи за скокотлива и омилена тема, најмногу за навивачите кои водат битки на Фејсбук. Овој пат е претставена на мапа која е направена според тоа за кои екипи се навива најмногу по региони. Води најтрофејниот италијански клуб Јувентус, кој и покрај тоа што е од север, има најголена фан база на југот. По нив се двете екипи од Милано.

Ферги не ми бегај, дојди да се сликаме

Со два трофеи сезонава (ФА Куп и Лига Куп), како и можност за трет во ЛШ, Јирген Клоп е прогласен за тренер на сезоната во Англија. Наградата му ја додели Сер Алекс Фергусон, а потоа тргна да си оди. Клоп не го пушти.

Стоперот на Вест Хем влезе во судница ко во противнички шеснаесетник

Курт Зума, одбранбениот фудбалер на Вест Хем кој едно време играше и за Челси, се појавил на судски процес по обвинението за него покренато за видеото кое се појави а на кое се гледа како со сета сила ја шутира и рога домашната мачка додека брат му го снима.