Фудбал

Малиот што страшно многу личи како близнак на Ламин Јамал

Ова е стварно нереално. Малиов се вика Раул Гонзалес. Има 17 години, игра за младинците на нисколигашот Културал Себререња во шпанското место Себрерос и учи во средното училиште „Ерменехилдо Мартин Боро“. Вели дека идол му е токму Јамин Ламал со кого се врсници и кој веќе стана светска ѕвезда и нов европски шампион.

Три мерак за очи голови на Аргентина, на Алварез најубав

За прв пат по 11 години Аргентина во состав ги немаше Ди Марија и Меси. Првиот се повлече од репрезентација, а вториот е повреден. Но тоа воопшто не се сети на терен. Во 7. квалификациско коло за СП 2026 го разбија Чиле со 3:0. Макалистер, Алварез и Дибала режираа прекрасна голеада. Први се во група со 18 бода.

Историски јубилеј на Кристијано Роналдо со 900 погодоци!

На стартот на Лига Нации, во големото дерби Португалија ја совлада Хрватска со 2:1 со гол на Кристијано Роналдо. Ветеранот така стигна до својот 900-ти гол во кариерата во сите натпреварувања.

Прва победа на Сан Марино после повеќе од 20 години!

На почеток на новото издание на Лига Нации, главни вести беа 900-от јубилеен гол на Кристијано Роналдо во кариерата, ремито на Европскиот првак Шпанија со Србија и историскиот триумф на Сан Марино, прв после повеќе од две децении!

Лука Јовиќ го изеде срамот пред гол

И покрај тоа што настапи ослабена без Влаховиќ, Митровиќ и Милинковиќ Савиќ, како и пензионираниот Тадиќ, Србија во првиот меч од Лига на нации извади 0:0 против големиот фаворит Шпанија. Во првиот дел тимот на Пикси можеше и да поведе, но напаѓачот на Милан утна нешто што не смее да си дозволи да го промаши, особено не против европски првак.

„Играчите беа и остануваат жртви на неспособноста и ароганцијата на Пикси“

„Насекаде гледаше завера, ги избегнуваше сите што не размислуваат како него, а беше опкружен со луѓе кои го нарекуваат „мистер“ и кои го хранат неговото пренагласено его“.

Сте виделе ли некогаш поим за идеална контра?

Во шестата англиска лига Југ, на мечот Бохам Вуд - Вортинг, гостите во 86’ минута при резултат 1-1 згрмуваат една молневита контра. Дени Кашман е режисер на контрата и реализатор на голот за победа 1-2.

Реакцијата на Родриго за номинациите за Златната топка

23 годишниот Бразилец кој нанижа 12 трофеи за 6 години во Реал Мадрид, не е воопшто ќеифлија што го нема на списокот на 30 кандидати за Златната топка која ќе се додели на 28 октомври. На неа има дури шестмина негови колеги: Мбапе, Винисиус, Белингем, Рудигер, Валверде и Карвахал. Инаку за прв пат по 21 година на најтесната конкуренција ги нема Роналдо и Меси. Првиот има 5, а вториот 8 награди.

Чудниот старт на Чуамени е хит во Ла Лига

Реал Мадрид со 2-0 го совлада Бетис во 4. коло од Ла Лига и конечно со двата гола на Мбапе им олесни на навивачите после неубедливите ремија. На овој натпревар Французинот Тчуамени имаше еден многу чуден старт ама успешно изведен.

Стоичков и Куман, пијана работа

Христо Стоичков и Роналд Куман освојуваа заедно многу трофеи во Барселона, како на пример 4 титули во Ла Лига по ред 91-94, но и Лига на шампиони. Имаме две легенди, ама една пијачка и луда прослава.

Ди Марија како од топ кажа кој е најслаб тренер што некогаш го имал

Триесет и шест годишниот Аргентинец важеше за еден од најдобрите фудбалери на свет на својата позиција во изминативе години. Тој играше за Росарио Сентрал, Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус. Освои се што може да се освои, од титули во Лига на шампиони, шпанска Ла Лига, француско првенство, Светско првенство со Аргентина, Копа Америка на 2 пати и многу други трофеи. Работел со еден куп тренери па кажа кои му биле најдобри а кои најлоши.

Каква беше оваа Барселона, луѓе

И официјално и неофицијално најдобриот тим на сите времиња што играше незамислив фудбал. Ги мелеше противниците на секој терен во секое време. Барселона сезона 2008/2009. Тренер Гвардиола, а на терен Валдес, Пике, Маркез, Чави, Иниеста, Ето, Меси, Анри, Кеита, Силвињо, Дани Алвеш, Хлеб, Абидал, Јаја Туре, Бускетц, Педро...

Детето кое не можеа да го соземат зошто Керем си отишол од Галатасарај

Долгогодишниот капитен на Галатасарај и најдобар играч на овој тим, 25-годишниот Турчин Керем Актуркоглу синоќа потпиша договор со Бенфика која за него на Галата му платила 12 милиони евра. Керем веќе е играч на лисабонскиот клуб, а едно дете кога ја видело веста не можеле да го соземат.

Необичен фудбалски стадион, па уште и во Норвешка

Не знаеме дали го копирале ФК Дељадровце или РК Пелистер, само знаеме дека на КФУМ Осло дефинитивно им застанал саатот и се многу назад со модата. Кире Лазаров во книгата „Секогаш на победа“ раскажува дека кога играл во Битола на крајот на 90-те, за да се избања после натпревар морал да излезе надвор од сала во студот, бидејќи тушевите не им биле во сала.

Водачот Бора на бродот со лудаци за Бари и солзите по голот на Панчев

„Да не победевме, ќе го потоневме бродот на враќање“.

Како во Селта известија играч дека е викнат за репрезентација?

Тренерот на Селта, Клаудио Гиралдез го сецна Оскар Мингеза за играта во одбрана дека била срамота, а потоа му рече дека е уште поголема срамота што Луис де ла Фуенте го викнал да игра за Шпанија.

Прваче на годината

Што оценка ќе има по физичко? Петка, од прво до крај.

Шмајхел за Манчестер Јунајтед: Ми доаѓа за заплачам

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел во друштво на Мајкл Овен и Пол Сколс, зборува за очајот на клубот кој никако да заврши. „Зборував со Сер Алекс. Што сè има направено за овој клуб. Седам со него и тој го гледа ова. Тоа за мене е многу тажно. Ми доаѓа за заплачам“.

Ретко видео од Роналдињо на мал фудбал

Бразилецот одвреме-навреме игра на ревијални натпревари во мал фудбал и покажува каква дарба поседува. Во 2017-та година играл во професионалната лига во мал фудбал во Индија каде правел шоу. Играл за тимот Гоа, трибините биле преполни за него и многу придонел за развој на малиот фудбал во оваа земја.

Брзај брзај прваче на првиот час и во Шпанија

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте кој летово ја направи Шпанија нов европски шампион и донесе титула која бурно се прослави во Мадрид, сега на необичен начин го соопшти составот на репрезентацијата за натпреварите кои следат во Лига Нации.

Немој друг пат со ножички ок?

Примерот за тоа како не треба на прва, ни доаѓа од Хонг Конг. Штопни си ја друг пат друже, прозори ќе искреше ако ја фукнеше посилно.

Суарез најави крај за Уругвај и се расплака на прес-конференција

Триесет и седум годишниот Луис Суарез најави дека ќе се повлече од репрезентацијата. На прес-конференција, „Ел пистолеро“ се расплака и кажа дека натпреварот против Парагвај од квалификациите за Светско првенство 2026 кој се игра во петок во Монтевидео на стадионот „Сентенарио“ ќе биде негов последен во небесно-синиот дрес на Уругвај.

Играч на Нирнберг истепан зошто носел дрес од Баерн Минхен

Пред неколку дена фудбалерот Никлас Зомер објавил едно видео на кое зборува облечен во дрес на Баерн Минхен и ја нарушил својата репутација кај навивачите на Нирнберг, клуб за кој игра и кој го плаќа.