Медиуми

Ни Данил Хармс не би можел поапсурдно

Објавуваме ние редовно медиумски пакетчиња но некогаш некои феномени заслужуваат и одвоено место бидејќи сведочат за едно групно помрачување на умот во чиј информативен брлог живееме (без разлика на идеолошките или политичките симпатии на медиумот кои пак на толпата ѝ се единствено битни). Просто - незнаење и фушерај кој се копира, пастира, размножува до бескрај. Во таков свет авангардниот руски писател Хармс лесно станува палестински ХАМАС.

Пазете ги вие овие наслови

И без да навлегува во содржината на денешните писанија, човек може да се озлоби, стане гневен, беден и никаков само од насловите на она што е денес доминантна "новинарска школа". Куртони, говна, крмаци, свињи и курви вриштат од денешните наслови. Се враќаме во 1994-та, колку да видите разлика.

Медиумски нерегулиран времеплов

Едно другарче копало по стари весници во библиотека и налетал на парче во кое се зборува за исчезнувањето на една телевизиска емисија од етерот. Не беа тоа пилот емисии, не беше завршен буџетот за проектот, просто, високите ТВ началства немаа баш стомак за такви содржини. Од слични причини, истата емисија подоцна исчезна и од една друга национална телевизија. И тек кога ќе видиш во што денес е претворен тој тв етер, сфаќаш колку ваквиот епилог всушност бил хепиенд.

Како се раѓаат насловите во треш портали?

1. Скандалозно. 2. Гладни деца. 3. Цицки. Шлаг на крајот: Дали го заслужуваме ова како народ?

Дихтуваме

Во пресрет на заедничката свадба (ние го даваме Филип, Бекстејџ ја дава Емилија), објавуваме еден добро уловен момент од нивниот уредник Блажевски, на тема "На што сè мора да мисли нашиот премиер кога пред себе има ново остварување (и пар камери)". Колку да не ни рипаат девојките од Бекстејџ за изјава зошто сме нарачувале глупи песни на свадбата. За друго, нека рипаат. :)

Животинското царство на Шопето

Човекот кој по 20 и кусур века успеа да ја надогради и амандмански збогати архимедовата теорија (и тоа во состојба на жестока трезност), има своја емисија на веб телевизијата Бла, Бла.

Телма меѓу навивачите

Кога нормалноста е нападната, нормалноста треба да се брани.