Медиуми

Со новинарството се претера

Лицата Н.Г. и З.З. истовремено ги тресе скандал за нивната лакомост со не-нивни пари (едниот за Мерцедесот, другиот за давањето земјиште). И, ете ги нив на лидерска средба, еден по еден, идеална прилика на двајцата да им се постави прашање. 

Денови ли се денови, боговски маки големи

Како верник, Јанко му вика дека Господ го создал светот за 7 дена. Ама гостинот тврди дека не се седум туку десет! И тука започнува неговата Голгота во која рачунот никако да му испадне. Викаат Бог деновиве наоколу се жалел дека џабе тогаш си го потрошил одморот зашто дури после ова објаснување се осеќал папсано.

Смокот и неговото право

Малку новинарска мрза и фушерај, малку желба за непотребни сензации и ете го безoпасниот смок во ситуација во која своевремено се најде брадестиот орел.

Ѓаволот за Велигден бил во Штип

Тоа е тоа. Што друго да ви кажеме за овој телевизиски прилог кој е брилијантен од почеток до крај, условно да го наречам.

Парче за ТВ историја

Ова треба да добие Златна Бубамара, Еми, Оскар, Бафта и Нобелова награда за мир и невидливост. Најдобрите неколку секунди во историјата на македонската тв продукција.

Роршахов тест за читатели

Баш да видиме дали оние кои обожаваат да ги извртуваат работите и да бараат скриени пораки ќе го протолкуваат ова видео како надменост и подмолен начин да се претстави обичниот народ како стока кој само знае да плука.

Го имаме победникот во информативната трка

Нам ни е лесно, кога има нешто важно, ве линкаме до сите вести (фала богу за агрегаторите) па читајте колку ви треба, туку оние медиуми што бркаат актуелности во Македонија навистина се во постојана трка кој ќе успее да објави прв некоја важна вест. По една од бомбите на Заев, убедливо најбрзо беше нашето милениче Саше кој не само што фантастично ја потепа конкуренцијата во брзина туку беше и фантастично информативен.

Пресек на македонската медиумска сцена

Му правиш "Control + z" на мозокот и остатокот новинарски функции си работат беспрекорно.

Дали има проституција на македонската естрада?

Одговорот на ова прашање испадна ист како оној на прашањето: Има ли појма Канал 5 што прави со своите вести?