Навивачи

Гигантско знаме на Твенте од 18.000 метри квадратни

Навивачите на Твенте на мечот против Гоу Ахед Иглс го покрија цел стадион, со најмасивното тифо, односно со знаме, кое се смета за најголемо досега на фудбалски европски натпревар. Повод е 700 години постоење на градот Енсхеде, кој започнал како мала населба во средниот век и добил градски права во 1325 година.

Мајтап на навивачи кои чекаат да ги пуштат надвор

На секој натпревар, особено на оние со поголем безбедносен ризик, полицијата и редарите обично ги држат гостинските навивачи подолго додека се испразнат трибините со другите навивачи. Така после големото и драматично кошаркарско дерби меѓу Партизан и Црвена звезда, Делиите чекале. А додека чекале се мајтапеле со луѓето од организцијата на Партизан.

Публика каква што Баку не видел

Со оглед на оддалеченоста на главниот град на Азербејџан, Баку од главните европски фудбалски метрополи, овој град ретко кога има прилика да види бројни и гласни фудбалски навивачи. Ајакс синоќа гостуваше таму, победи 2-4 после голем пресврт а околу 3-4.000 навивачи дојдени од Амстердам направиле шоу кое редарите никогаш не го виделе.

Неубави сцени во Битола, девојче со крв на лице ја напушти салата

Дерби е дерби кога се во прашање дуелите меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар и тие секогаш носат тензија и набој, ама треба малку да се вклучи и мозокот. Читател ни прати видео од раскрвавено девојче, удрено со монета која долетала од секторот на Комитите.

Другар, поздравот на Хитлер е со десна рака

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт демонстрираа агресивно однесување на гостувањето против Барселона во ЛШ. Еден од домашните навивачи се обиде да ги провоцира со препознатливото нацистичкото салутирање на Адолф Хитлер, ама ја промаши раката.

Чкембари бегаа од Комити среде Битола

Еурофарм Пелистер го доби дербито против Вардар со 28-23 во 16. коло од Суперлигата. Најефикасен во таборот на актуелниот шампион на Македонија, беше Богдан Радивојевиќ со 9 голови, додека голманот Хаидаридад имаше 11 интервенции. Вардар останува прв со 30 бодови, на +2 од битолчани. Чкембари ги нападнале Комити само што пристигнале, но овие им се противставиле и почнале да ги бркаат на нивен терен.

Мангупски одговор на навивачите на Вардар до Чкембари

Навивачите на Еурофарм Пелистер по теркот на многу навивачки групи, со огномет им го рушеа сонот на ракометарите на Вардар, кои заминаа во Битола со спиење пред дербито. Арно ама, тонч:

Навивачи или животни во кафез?

Барселона, опаметена од најголемиот срам кога пред неколку години повеќе од 30.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт го завземаа цел „Камп Ноу“ и издоминираа во историската победа на Ајнтрахт над Барса, овојпат им дале реципроцитетно толку карти колку што е дозволен ограничен капацитет за домашни навивачи на реновираниот стадион. Ама и тие беа доволно да направат хаос:

Спиете ли мирно Вардарци?

Ракометарите на Вардар во пресрет на дербито против Еурофарм Пелистер во среда од 18 часот, дојдоа со преспивање во Битола. Ама кој знае колку отспале, бидејќи Чкембари во стилот на многу навивачки групи низ светот, им рокаа огномет пред хотел.

Турско навивачко шоу со блескава кореографија

Фенербахче и Галатасарај ремизираа 1:1 во 14. коло од турското првенство. Ова меѓусебно дерби беше број 404 во нивната историја на сите натпреварувања. Фенербахче има 149 победи, Галатасарај 130, а 125 средби завршиле нерешено. Домашните навивачи му дадоа дополнителен шмек на мечот со моќна кореографија на цела трибина.

Божиќниот концерт на стадионот на Борусија Дортмунд е импресивен

Под наслов „Дортмунд пее Божиќни песни“ на легендарниот стадион „Сигнал Идуна Парк“, во домот на Борусија 73.500 навивачи точно на време за почетокот на Божиќниот Адвент пееле празнични песни.

Џингл Бел од 70.000 грла во Дортмунд

На еден месец од Нова година, навивачите во Германија се веќе во предпразнично расположение. Сигнал Идуна Парк пуштен на најјако.

Комити со две пароли го покрија цел стадион во Ново Лисиче

Вардар го растури Шкупи со 6:1 во 15. коло од првата лига и останува лидер на табелата со +1 пред Струга Трим Лум. Хет-трик на Омерагиќ. Комити се собраа во голема бројка за скопското дерби и извадија гиганска кореографија со која ги покрија двете трибини на стадионот Петар Милошевски. На првата стоеше: „Кој не запеал за Вардар?“, а на другата „Комити се ноќна мора“.

10 навивачи на Каират поминале 5.000 километри за да го бодрат клубот

Десет млади навивачи на казахстанскиот шампион Каират Алмати, синоќа присуствуваа на одличниот дуел со Копенхаген во Данска каде паднаа 5 гола а домаќинот на крај славеше 3-2. После натпреварот домаќините срдечно им честитаа на 10 гостински навивачи за подвигот кој го направиле и поминале 5.000 километри за да ја гледаат средбата од Лига на шампиони.

Некој би рекол чудно, ама тоа е до менталитетот

За тоа колку се тешки европските квалификации за Светско или Европско првенство говори и фактот што Австрија се пласираше на Мундијал после цели 28 години. На 18-ти ноември одиграа 1-1 против Босна и Херцеговина и го сочуваа првото место на табелата за директен пласман на Светско. И прославиле тивко, умерено.

Барем навивачите беа на ниво

Македонија се соочи со срамен пораз во Кардиф од селекција, која не е ниту Бразил, ниту Аргентина. Но, македонските навивачи не разочараа. Ечеа македонски песни во еден од баровите.

Срамни скандирања на хрватски навивачи во Подгорица на кои им застанал саатот во 90-ти

Хрватска ја совлада Црна Гора со пресврт од 2:0, 2:3, во меч без резултатско значење, бидејќи Хрватите се математички први во група, а Црногорците претпоследни. Гостинските навивачи ја упропастија атмосферата.

Фудбалери се судрија со специјалци во Аргентина

Во полуфинале на аргентинската втора лига Депортиво Мадрин со 1-0 го совладал Депортиво Морон и направил голем чекор кон враќање во прва лига Примера Дивизион. По натпреварот играчите на двата тима се степале а ескалирал и судир со специјалната единица која интервенирала на теренот.

Тензија меѓу навивачите на Португалија и две ѕвезди на тимот

Дел од навивачите на Португалија, не го прифатија добро поразот на гостување против Ирска. Бернардо Силва и Рубен Диаз беа најнервозни од нивните реакции, па се објаснуваа со поединци кои отпатуваа во Даблин. Жоао Феликс се обиде да го спречи Силва, ама не успеа.

Кореографија на вечерта - Ренџерс на Миовски против Рома

Кој би рекол дека Ренџерс и Селтик нема да бидат први во домашното првенство каде нивната доминација трае со децении (прв е Хартс замислете со 9 бода повеќе од Селтик и дури 14 повеќе од Ренџерс). И двата клуба играат мизерни сезони. Ренџерс има 4 порази на 4 натпревари во Лига Европа, а Селтик има победа, нерешена и два порази. Сменија тренери но работите не се сменија. Единствена светла точка се навивачите. Синоќа на дуелот Ренџерс - Рома (0-2) навивачите на шкотскиот клуб направија спектакуларна кореографија на тема гладијатор во Колосеум, со музика од култниот филм со Расел Кроу.

Болоња права мала Аргентина

Фудбалерите на Болоња одиграа 0-0 против норвешки Бран во 4. коло од Лига Европа а од 23' минута на овој натпревар играа со играч помалку по црвениот картон на Гркот Харалампос Ликојанис. Тифозите на Болоња потсетија на старите добри времиња во италијанскиот фудбал со прекрасна бакљада на својата трибина.

Навивачи на Барселона избегнаа трагедија во Бриж

Уште ваква глупост немавме видено, која можеше да заврши кобно. Навивачите на Барселона, кои имале организиран превоз до стадионот на Клуб Бриж, со сиот памет направија бакљада во автобусот и предизвикаа пожар. Цел автобус гореше  За среќа сите се живи и здрави.

Свирежи и навреди за Трент Александер-Арнолд во својот Ливерпул

Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд е роден во Ливерпул. На 6 години го запишуваат во фудбалската школа на славниот клуб. И станува еден од ретките кој ги поминал сите возрасни категории и стигнал до првиот тим. Го оствари сонот и со црвените освои титула во Лига на шампиони (2019) и Премиер лига. Му исцртаа и прекрасен мурал но откако реши да си оди во Реал Мадрид, му го ишкртаа.

Дрезденска опсада на Берлин

Херта Берлин со 2-0 го совлада Динамо Дрезден и само му ја продолжи агонијата сезонава во втора лига во која имаат 6 порази, 4 нерешени и само 1 победа и се претпоследни со 7 бода после 11 кола. Херта е на 8-мо место со 17 бода. На култниот „Олимписки стадион“ во Берлин допатувале преку 20.000 навивачи на Динамо Дрезден.