Кај јахтите има две основни правила: првото е, најдобро е да имаш другар што има јахта; второто е, ако треба да прашаш колку е трошокот за одржување јахта, тогаш јахта не е за тебе.
Од една превезена пратка со дрога со кола, не нешто поголемо, шоферот заработува 20.000 евра. Како што објаснува дилерот за Вајс, најголем проблем е што работодавецот никогаш нема да се откаже од тебе и да ти дозволи да се „пензионираш“.
Каматната стапка е алатка со која централните банки, меѓудругото, се борат против инфлацијата. Исто така е и алатка која може преку ноќ да ја изгори цела економија.
На вадење од кутија со мраз неопходно е најнасилнички да ја закачиш куката во туната, и потоа до продолжиш со најпедантно средување и внимавање на секој сантиметар од рибата.
Откако Њујорк превентивно објави видео водич за во случај градот да биде погоден со руска нуклеарка, околу препораките се заинтересира американскиот магазин Популар меканикс, според кои видеото е чиста безвезност бидејќи нема на никого да му помогне.
Кога кон крајот на 18-от век економистот Томас Малтус прави тура низ Норвешка, тој дава опис на земја која наликува како да е на Балканот во тоа време: сиромашен и необразуван народ, без никаква патна поврзаност и лошо земјоделство. Денешниот опис на земјата ви е познат.