Off Course

Пристаништето на Шангај, најпрометното контејнерско пристаниште во светот

Во 2019 преку пристаништето во Шангај се минати над 43,3 МИЛИОНИ бродски контејнери (од стандардните 6-метарски).

Што е право на поправка?

Да почнеме со глупо прашање: Кога ќе купиш нешто дали тоа нешто стварно е твое? Зависи, ама главно да. А кога ќе купиш нешто, дали имаш право да го поправиш кога ќе се расипе? Зависи, ама се повеќе главно не.

Приказната за Лордстаун моторс или како да изгубиш 5,5 милијарди долари за помалку од 2 години

Компанијата за електрични возила од Охајо го има пикот во 2021 кога нејзината вредност изнесува 6 милијарди долари. Во март 2022 вредноста на истата оваа компанија е падната на 421 милион долари.

A во пустината чудесија

Се работи за канцелариите на Биа групацијата сместени во делот од пустината на Емиратите која потпаѓа под градот Шарџа, а целиот проект е стокмен од архитектите на Заха Хадид.

Ќе садиме зачини и зеленчук по дома?

Што ти треба? Ти треба волја и ти треба посветеност како за одржување на кое било саксиско цвеќе.

Колку е лошо ИКЕА пакетчето со алат?

Одговорот зависи чисто од тоа што очекуваш од него.

Дојде време за големо пролетно чистење велосипед

Водич за два типа велосипед: 1. велосипед што не сте го испрале и средиле зимоска пред да го гаражирате и 2. велосипед што го возите цело зимо (и алал да ви е за тоа).

Готвење на ангро

Од луксузни крстосувачки прекуокеански бродови до најсиромашните од сиромашните меѓу Индијците, готвење за маси народ бара од сè по многу: намирници, зачини, луѓе, опрема...

Крајот на „петербуршката“ тројка

Слика на двајца моќни руски политичари и функционери, и еден речиси анонимен советник на градоначалникот на Санкт Петербург кој „знае да заврши работа“.

ДЈИ има нов мега-супер-добар дрон

Дронот има цел список набилдани технички капацитети (2 камери, 8К, 4К...) кои се сумирани во една многу важна цифра од 10 илјади долари за основниот модел М30 (М30Т чини 14 илјади долари).

Гугл школа, знаење и сертификат

Гугл сака да ти помогне да се унапредиш во тоа што сметаш дека ти недостасува како вештина. Се работи за отворена школа со видео курсеви, не на сите, ама на повеќе теми. И сето тоа бесплатно.

Која е процедурата за лансирање на руските нуклеарни ракети и митот за „црвеното копче“

Точно е дека цело време околу Путин (или кој и да е руски претседател) има нуклеарен куфер (Чегет), тоа што е неточно е дека во куферот има „црвено копче“ за лансирање на нуклеарките. Поинаку одат работите.

Како е да се биде волонтер во украинската легија

По руското бомбардирање на касарната во Јаворив по социјалните мрежи почнаа да се шират многу (многу непотврдени) сведоштва од наводни волонтери на украинската страна кои одеа во најразличен правец на пропаганда на двете страни (едно доста впечатливо од француски волонтер вика „многу е различно од Авганистан, таму ти ги нарачуваш ракетните напади, никој тебе не те гаѓа со ракети“). Нешто поофицијално од нив е разговорот што магазинот 1843 на Економист го има со британски волонтер кој бил и веќе се вратил од Украина.

Хамзат Чимаев, следниот владетел на УФЦ?

Четири борби, четири победи и четири последователни „Борба на вечерта“ награди е досегашниот резултат на Чеченецот Хамзат Чимаев во УФЦ. Следната му е на 10-ти април против Бразилецот Гилбер Брнс.

Збогување со украинската Мечта

Мечта (Мрија), технички познат како Антонов Ан-225, е најголемиот товарен авион што некогаш летал на планетава. Создадена за потребите на советската вселенска програма, чудовишната Мечта беше начекана неподвижна во хангарите на матичниот аеродром Антонов во близина на Киев и уништена на лице место за време на борбите меѓу Русија и Украина за аеродромот во Гостомел. Последен ангажман на Мечта беше да пренесе медицинска опрема од Кина во Данска.

ФСБ анализа на војната во Украина

До рускиот активист за човекови права и основач на Gulagu.net (проект за борба против тортурата и корупцијата во руските затвори), Владмир Осечкин, стигнува една неофицијална анализа за војната во Украина изработена од (непотврден) свиркач аналитичар на ФСБ, кој лично работел на руските анализи пред војната, а и откако таа почна.

„Примитивниот“ се врати

Извесен Џон Плант од Австралија пред 6 години го објавува своето прво видео на Јутјуб како прави колиба (со огниште) со голи раце и без никаков готов алат на располагање, само со тоа што ќе го најде пред себе во дивината, најпримитивно што може. Од тогаш Плант стана најпознатиот примитивец на Јутјуб.

Што е Искандер?

Се работи за едно од последните оружја чие создавање започнува по директива на Советскиот сојуз, во истата година кога почнува и распаѓањето на Сојузот. Визијата за него е дека ќе биде наследник на легендарните советски Скад ракети.

Кој е Азов баталјонот?

Ултраси на фудбалскиот клуб Металист Харков собрани во групата „Сект 82“ за време на про-руските немири во Украина во февруари 2014 ја заземаат зградата на локалната самоуправа во Харков како „самоодбрана“ од про-руските демонстранти. Во април истата година министерот за внатрешни работи го овластува формирањето на паравоена формација со 12.000 членови. На 5-мај 2014 во Бердјанск, на брегот на Азовото море, официјално е формиран баталјонот Азов.

Кафезите на Хонгконг

Тоа што не можеа Британците да го решат, а не можат ни Кинезите да го решат, е колку многу простор му фали на Хонгконг и колку многу луѓе има, па додека тоа не се среди драмата со недвижностите во градот ќе се решава со пари, по метод кој има повеќе.

Повеќе од пола Кина е празна

Популацијата од речиси 1,4 милијарди луѓе останува многу реална, тоа што изненадува е дека 94% од овие луѓе живее во источната половина од земјата, додека западната е пустелија.