Off Course

Зошто европски нарко-дилери преферираат Мерцедес Ес-класа?

Од една превезена пратка со дрога со кола, не нешто поголемо, шоферот заработува 20.000 евра. Како што објаснува дилерот за Вајс, најголем проблем е што работодавецот никогаш нема да се откаже од тебе и да ти дозволи да се „пензионираш“.

Како каматите ја контролираат инфлацијата?

Каматната стапка е алатка со која централните банки, меѓудругото, се борат против инфлацијата. Исто така е и алатка која може преку ноќ да ја изгори цела економија.

Малиот остров што има повеќе народ од цела Русија

Јава, 148 милиони луѓе. Русија, 146 милиони луѓе.

Зошто советскиот компјутер не успеа?

Во 1986 Советскиот сојуз има нешто повеќе од 10.000 компјутери. Американците имаат 1,3 милиони.

Како се средува џиновска туна

На вадење од кутија со мраз неопходно е најнасилнички да ја закачиш куката во туната, и потоа до продолжиш со најпедантно средување и внимавање на секој сантиметар од рибата.

Околу видеото што треба да ги спаси њујорчани од руски нуклеарен напад

Откако Њујорк превентивно објави видео водич за во случај градот да биде погоден со руска нуклеарка, околу препораките се заинтересира американскиот магазин Популар меканикс, според кои видеото е чиста безвезност бидејќи нема на никого да му помогне.

Како Норвешка стана блесаво богата

Кога кон крајот на 18-от век економистот Томас Малтус прави тура низ Норвешка, тој дава опис на земја која наликува како да е на Балканот во тоа време: сиромашен и необразуван народ, без никаква патна поврзаност и лошо земјоделство. Денешниот опис на земјата ви е познат.

Зошто на улиците секогаш ќе има гужва без разлика колку ги шириш?

Борба против сообраќајна гужва со градење на повеќе ленти, е исто како да се бориш против дебелина со попуштање на каишот за една дупка.

Електричниот Форд пикап изгледа е фантастичен

Форд Ф150 пикапот е најдобро продаваното возило (не само пикап) во Америка во последните над 30 години. Сега Форд извади целосно електрична Ф150-ка.

Како Гугл ги снима улиците низ светот

Кај што е асфалтирано е и најлесно, пушташ кола и камерата врти. Проблемот се сите планински и пешачки патеки и угорници, пустини, музеи, метро станици и што сè не што Гугл сака да го има кај себе на Стрит вју, а не може да го фати со камера на кола.

Тунелот што ја поврзува Скандинавија со Медитеранот

Едниот крак на коридорот почнува отаде Хелсинки и преку Стокхолм стига до Копенхаген. Другиот од Осло и исто така завршува во Копенхаген. Од таму коридорот продолжува по цела должина на Европа и завршува во Малта.

Првиот бодибилдер во историјата

Евгениј Сандов, Јуџин Сандоу или Јуџин Сендоу, се имињата за еден ист човек роден како Фридрих Вилхем Милер, кој се смета за основоположник на бодибилдингот или „првиот билдер на светот“.

Анатомија на живот во кутија за чевли

„Кутија за чевли“ е терминот што се користи за кафезите и слични решенија, во кои живеат најсиромашните жители на Хонгконг, околу 220.000 од нив, отприлика помали отколку бокс за куче.

Дојде сезона за чистење Тимберленд

Прво треба еден момент на искреност кон самите себе и да си признаете дека е лага тоа што си го кажувате дека ќе ги исчистите на есен / зима пред да почнете да ги носите. Второ треба средно мека четка за превртена кожа, мал пешкир и мек детергент.

Потопувањето на крстосувачот Москва

На 13 април украинската страна соопшти дека во ракетен напад го потопила крстосувачот Москва, еден од најмоќните бродови на  црноморската флота и општо на руската морнарица. На 15-ти април на руските медиуми беше објавена кратка информација дека крстосувачот Москва потонал во невреме на Црното море.

Фентанил или 2 милиграмa смрт

Фентанил е џекпотот на сите дроги што некогаш постоеле во човечката цивилизација: евтин е за производство, евтин е за купување, ти прави чуда со мозокот и телото и доволно е моќен за да те издрогира во најминимални количини. Лошото е што 2 милиграми фентанил (отприлика колку четири зрнца сол) можат да убијат човек.

Да не ви се прави работна маса?

Ветувањето од Џон Малецки е лесна за правење и евтина маса за работилница, со употреба на неопходен електричен алат од вкупно 3 парчиња.

Зошто Русите го избраа Лондонград

Лондон со децении без проблем е вториот дом на гнасно богатите руски (и други) милијардери, од што сериозно профитираше и попатно го доби прекарот - Лондонград.

Задолжителен водич за мажи што носат одела

Неофицијалниот совет е од водителот Стив Харви, кој има разработено цела филозофија околу оделата, и според нејзе првото одело на секој маж треба да биде црна боја.

Зошто лебот во кеса е поразличен од „вистински“ леб

Лебот на кришки („леб за тост“, „леб за сендвичи“...) е ретко искрен производ кој не се ни обидува да те залажува со некакви гастрономски ветувања, а целата животна мисија му е „да го пројдеме и овој оброк“. И тој одлично ја врши оваа улога.

Зошто Денот на победата Европа го слави на 8-ми, а Русија на 9-ти мај

Првично германската капитулација е потпишана во францускиот град Ремс на 7 мај и таа не е по мерак на Сталин, ниту по содржина, ниту по тоа каде, ниту кој ја потпишал. Со ова се согласува и Ајзенхауер, па следниот ден, 8-ми, Германија одново потпишува капитулација.

Сериозна несекојдневна машинерија

Каква машина и да ти текнала на тебе можеш да сметаш дека на некого низ светот одамна му има затребано, веќе му е направена и ја користи. А на луѓе сешто им затребува.