Полнењето на идентитетската пиперка

Доволно и со право ѝ се насра наш народ на Марта Кос која дојде овде за да ни го опишува нашиот идентитет и неговите темелни вредности. Но, да не се ѝ се срдиме премногу на таа европска бирократка, пошто и меѓу нас ги има имаме доволни такви кои нè убедуваат дека „кој може нам да ни каже како ќе се чувствуваме внатре, во себе?“ Глупи едни, па во себе и под турско можевме „да се осеќаме како што сакаме“.

Кога беше референдумот, македонската волја за чување на името беше дробена со жестока и дебело платена пропаганда за придобивките од Преспанскиот договор, една од алатките беше кампањата „Зачекори напред! Изборот е твој“ (зад која стоеја Сорос, Хелсиншки, Цивил...).

Освен основните пораки што све ќе добиеме ако го смениме името и влеземе во ЕУ и НАТО:

Кампањата го адресираше и стравот околу идентитетот, па „напредните“ се зезаа дека идентитетот не е толку банална работа за да се плашиме:

Седум години подоцна, доаѓа овде Марта Кос и идентитетот го сведува баш на банални работи као што се полнетите пиперки, гравот и пинџурот. Кои, се разбира, никој не може да ни ги земе, освен ако Бугарите, со солидарна помош од ЕУ, не побараат да признаеме (и да напишеме во Устав) дека и бабурите, пинџурот и гравот ни се од 45-та година (претходно сме јаделе само луканки).

Еве ја круната на оваа епизода. Откако го прокоцкаа името („All In!“, како што најави патријархот на Шарената револуција Зоран Заев, небаре со нива на дедо му се коцка), знаете ли што е денес (јули, 2025 година) веб сајтот на таа европска и напредна платформа на Хелсиншки, Цивил, Сорос....?

Веб сајт за промоција на комар!

Има логика, нели?

 

 

2 July 2025 - 14:05